Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Македонија

Работилница „Чекот по чекор – библиотека за сите“ по повод Меѓународниот ден на белиот стап

По повод 15 Октомври – Меѓународниот ден на белиот стап, кој е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод 15 Октомври – Меѓународниот ден на белиот стап, кој е посветен на подигнувањето на свеста за самостојноста, мобилноста и правата на слепите лица и лицата со оштетен вид, ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје со ДУРДМОВ „Димитар Влахов“, денеска организира инклузивна едукативно-креативна работилница со цел преку непосредно искуство, разговор и творештво да се истакне значењето на самостојноста, ориентацијата во просторот, пристапноста и меѓусебното разбирање.

Работилницата „ЧЕКОР ПО ЧЕКОР – БИБЛИОТЕКА ЗА СИТЕ“ ќе ја водат од ДУРДМОВ „Димитар Влахов“, а ќе бидат присутни дечиња и од ОУ „Коле Неделковски“. Децата ќе имаат можност да учествуваат во активности приспособени на нивните потреби и можности, користејќи ги допирот, слухот, говорот, тактилните материјали и сопствената имагинација. Преку внимателно осмислени задачи, учесниците ќе истражуваат како различните сетила ни помагаат да го доживееме светот и колку е важно секој човек да има можност да се движи безбедно и самостојно. 

Посебен дел од работилницата ќе биде посветен на книгата и читањето. Во рамките на активноста ќе бидат прочитани извадоци од книги отпечатени на Брајово писмо, кои се дел од фондот на ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје. Книгите се донација од Град Скопје, со што се дава значаен придонес кон збогатувањето на библиотечниот фонд со достапни читателски содржини за лицата со оштетен вид и кон унапредувањето на инклузивноста во културата и образованието.

Реклама

Настанот ја поврзува мисијата на библиотеката како простор за знаење, култура и еднакви можности со потребата од создавање инклузивна средина во која секое дете ќе се чувствува прифатено, охрабрено и рамноправно.

Работилницата почнува напладне во холот на ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје.