Во свечената сала на Правниот факултет денеска ќе биде промовирана книгата „Епископскиот град Баргала“ на проф. д-р Трајче Нацев од Факултетот за образовни науки при УГД, информираа од Универзитетот.
Како што се појаснува во соопштението, книгата „Епископскиот град Барала“ на Нацев, сеопфатно и интегрирано ги обработува најновите резултати и сознанија од истражувањата на локалитетот кои фрлаат нова светлина на истражените и конзервирани содржини во рамките на градското јадро, утврдениот простор, како и просторот надвор од градските ѕидини, extra muros.

