Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Прилози

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Владните анализи покажуваат дека македонските компании премалку ги користат алатките за дигитализација…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владните анализи покажуваат дека македонските компании премалку ги користат алатките за дигитализација на процесите и вештачката интелигенција.   Според министерот за дигитална трансформација Стефан Диновски, компаниите мора да вложат во дигитализација на процесите со цел поголема конкурентност на странските пазари, бидејќи во новото време дигитализацијата не е трошок, туку инвестиција која може многукратно да се врати.  

„Она што го покажуваат податоците е дека македонските компании имаат и користат дигитални алатки, но за жал не доволно користат вештачка интелигенција во рамки на процесите на развој, а истовремено не доволно ја користат платформата за електронска трговија, за да ги пласираат своите производи прво во државата, а потоа да станат конкурентни и да испраќат на сандари и во странство.   Наша обврска е и таа ја исполнуваме како министерство, преку европските дигитални иновациски хабови ги имаме два, Инофеит и Едигмак, да помогнеме за дигиталната трансформација на компаниите, им дадеме патоказ, решенија и обуки“, изјави Андоновски. 

Од друга страна, компаниите од производствената индустрија велат дека воведуваат дигитални процеси, но за нив сè уште е непознаница вештачката интелигенција, ја користат само во делот на административните работи, а најмногу во сегментот на маркетингот.  

Реклама

„Веќе кога ќе се влезе во покомплицирани процеси, внатрешни коишто се поврзани со некои тесни грла, тука веќе треба поголема експертиза и повеќе искуство и подолго време во производство.   Таму оди поспоро, бидејќи се работи за процес којшто кај нас е малку покомплициран“, изјави Рубин Зимбаков, сопственик на компанија.  

Злоупотребата на вештачката интелигенција е глобален проблем.   Единствено за заштита од манипулации потребна е поголема будност бидејќи законските решенија не се доволни.   Затоа Македонија до крајот на годинава ќе добие стратегија за поголема отпорност, откако истата ќе ги помине законските ставки.