Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Прилози

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Штипската Клиничка болница ќе почне да се гради наредното лето. Се очекува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Штипската Клиничка болница ќе почне да се гради наредното лето. Се очекува до крајот на оваа година да се склучи договор помеѓу Македонија, Светска банка и Европската инвестициска банка, по што ќе биде распишан и тендер за избор на градежна компанија која ќе го заврши овој, како што го нарече министерот за здравство Сашо Клековски, „споменик на неспособноста“.

„Очекувањата се дека ќе бидат потребни од три до шест месеци за тендерот. Тоа би значело летото, есен 2027, ние да почнеме да работиме на оваа болница… Постои комплексна посветеност да овој споменик на неспособноста го решиме и покажеме дека Македонија може, дека ќе направиме оваа болница да го добие тоа што го заслужува. Овие услови во кои се примаат пациентите и во кои работат здравствените работници тука се лоши“, изјави министерот за здравство, Сашо Клековски.

Клековски посочи дека и покрај лошите услови за работа, штипската Клиничка болница, во споредба со болниците во Тетово и Битола, работи најсложени здравствени услуги, поради што заслужува дополнителна поддршка. За повредените во пожарот во Кочани, кои треба да продолжат со понатамошни естетски третмани, најави дека следната недела ќе се сретне со нив и ќе ги информира за планот за продолжување на лекувањето по средбите со здравствените власти во Белград и Софија.

Реклама

„Во понеделникот бев во Белград и имав средба со министерот Лончар за да ги прецизираме деталите. Јас очекувам следната недела, во понеделник, да бидам и во Бугарија, на средба во Софија со нивната министерка. Очекувам да ги финализираме ставовите за следната фаза на лекување на повредените од Кочани. Следната недела ќе се сретнам со нив и да им соопштам каков е планот“, изјави министерот за здравство, Сашо Клековски.

За имунизација против сезонски грип, вакцините веќе се пристигнати.

Клековски посочи дека вакцините против сезонски грип се пристигнати, а апликацијата „Вакцинација.мк“ ќе биде активна по отстранување на техничкиот проблем. Што се однесува до реконструкцијата на покривот на болницата, кој беше оштетен од последното невреме, се чека разрешување на жалбата за надзорот. Министерот изврши увид и во новиот регионален мултидисциплинарен центар за побрза дијагностика и третман на пациентките со карцином на дојка.