Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Прилози

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Нема здравствен случај кај Ива Михаилова, бегството е поради доаѓањето на лекарскиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нема здравствен случај кај Ива Михаилова, бегството е поради доаѓањето на лекарскиот тим од Софија којшто ќе го потврдеше тоа. Министерот за здравство Сашо Клековски предупредува дека Михаилова избегала во Софија непосредно пред најавата за доаѓањето на лекарски конзилиум од Бугарија кој требаше да утврдува дали таа навистина требала да се лекува само во Пирогов или нејзината состојба дозволувала да остане на лекување тука во Македонија. Тој во понеделник патува за Софија на средба со повредените од кабарето „Пулс“ и таму најави средба со претставници од бугарското министерството.

„Бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум тука. Тој требаше заедно со македонските лекари да ги провери наводите на лицето. Мислам дека тогаш ќе излезеа работите на виделина какви се. ​Јас патувам во Софија, ќе разговарам секако со нивното Министерство за тоа бидејќи во основа таму нема здравствен случај“, вели Клековски.

Случајот е уште поскандалозен, ако се има предвид фактот дека извештајот со препорака Михаилова да се лекува во Бугарија е потпишан од срана на неврологот Иван Барбов. Станува збор за поранешниот директор на неврологија во времето на власта на СДСМ и ДУИ, кој беше и дел од криминалниот скандал со лажни инвалидски пензии познат како случај „Метастаза“.

Реклама

Тој тврди дека стручното мислење го дал само како опција бидејќи Михаилова наводно имала само бугарско здравствено осигурување и кај нас немало опција за таква хируршка интервенција. И тој потврдуува дека никогаш на стручен колегиум не се дикустирало на темата да се даде конзилијарно мислење до Комисијата на Фондот за здравство којшто одобрува лекување во странство.

Министерството за внатрешни работи активнo работи на утврдување на сите факти и околности за тоа како Ива Михајлова успеала да побегне од Македонија, и покрај тоа што и беа одземени двата пасоши(македонскиот и бугарскиот и беше ставена на „стоп-листата“ на сите легални гранични премини. За неа е распишана и меѓународна потерница а судот и определи и притвор, па така доколку таа се појави во македонија веднаш ќе се најде зад решетки.

Михајлова е обвинета во судски процес за сообраќајна несреќа во која загина младиот Бесим Дурмиши од скопското село Љуботен кој во критичниот момент патувал со уште тројца други, кои во сообраќајката која ја предизвика Михаилова претрпеа повреди.