Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Македонија

ЗНАМ предлага измени на Законот за семејството за пристап на посвоените лица до информации за своето потекло

Денес пратеничката група на Движење ЗНАМ поднесе предлог за изменување и дополнување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денес пратеничката група на Движење ЗНАМ поднесе предлог за изменување и дополнување на Законот за семејството, со кој се  предлага решение на еден суштински проблем за кој во јавноста веќе се дебатира, а се однесува на постоечката забрана за пристап до сите информации за посвојувањето, се наведува во соопштението од ЗНАМ.

Ние со предлогот уредуваме во кои услови и во кои околности посвоените лица ќе имаат право да добијат информации за своето потекло. Зошто го направивме ова? Со децении, тајност на посвојувањето претставува пречка за пристап до сите информации, дури и кога истите се од суштинско значење за здравјето
на посвоеникот.

Постојниот закон не предвидува никаков механизам за индивидуална проценка, ниту пак можност институции да ги разгледаат специфичните околности на секој случај. Потврдата за сегашниот проблем во законот имаме и од Европскиот суд за човекови права.

Реклама

Во пресудата „Митревска против Македонија“ од 2024 година, Судот утврди повреда затоа што и бил целосно ограничен пристапот до информации кои и
биле потребни заради нејзината здравствена состојба.

Да бидеме прецизни, нашата држава има обврска да постапи по пресудата на Стразбур и да ги почитуваме европските стандарди и заштитата на човековите права загарантирани со Конвенцијата.

Со предложените измени ние не ја укинуваме тајноста на посвојувањето и не предлагаме пристап до сите податоци. Тајноста останува правило, а пристапот до информации се предвидува само во законски утврдена постапка и со одлука на стручна комисија, која ќе мора да ги оцени сите околности на секој поединечен случај и ќе ги штити правата на сите засегнати лица.

Нагласуваме дека ова не конечен текст на закон, туку предлог со кој иницираме суштинска стручна и општествена дебата.

Затоа ние како пратениците на Движењето ЗНАМ за наша Македонија повикуваме на широка јавна и стручна расправа за предложените измени и ги повикуваме сите експертите, граѓанските организации, академската заедница, надлежните институции и сите заинтересирани граѓани да се вклучат со свои забелешки и предлози. Нашиот принцип не е да предложиме законски измени подготвени зад затворени врати, без да го чуеме мислење на сите.

За ваквиот принцип на транспарентно и отчетно носење на законите ќе се залагаме и понатака во нашето работење. Затоа што законски решенија треба да бидат донесени низ отворен дијалог со сите релевантни чинители и почитувањето на меѓународни стандарди.

Движењето ЗНАМ формирано од граѓаните уште од самиот почеток вети дека ќе работи со граѓаните, за граѓаните и исклучиво водејќи сметка за нивните потреби интереси и барања.  Транспарентно и отчетно од почеток крај.