Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Николоски: Очекуваме Бугарија да ги испорача бараните со потерница

Македонија очекува од Бугарија, како земја членка на НАТО и на Европската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија очекува од Бугарија, како земја членка на НАТО и на Европската Унија, да ги испорача лицата што се бараат со потерница за да се соочат со правдата, изјави вечерва вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во врска со случајот со Ива Михајлова, за која денеска беше распишана меѓународна потерница, откако деновиве избега во Бугарија.

Во гостување на телевизија Алфа, Николовски посочи дека Министерството за надворешни работи имало прецизна комуникација за случајот, оценувајќи дека станува збор за класично бегство од правдата по распишувањето на меѓународната потерница.

– Мислам дека Министерството за надворешни работи имаше доста прецизна комуникација за овој дел. Кажаа дека таа практично избегала од Македонија, а денеска е распишана и меѓународна потерница. Беа прилично јасни дека се работи за класично бегство од правдата. Очекуваме Бугарија, како земја членка на НАТО и на Европската Унија и како развиена демократија во која се почитува владеењето на правото, да ги испорача лицата што се бараат со потерница за да се соочат со правдата – рече Николоски.

Реклама

Во врска со реакциите во Бугарија и најавите за средби на високо ниво, Николоски нагласи дека државата не треба да подлегнува на провокации и потсети на институционалните патишта за заштита на правата.

– Како што реков, МНР веќе искажа став и немам што дополнително да додадам. Ова не е првпат, имаше вакви случаи и во минатото. Мислам дека треба да бидеме паметни и да не паѓаме на провокации. Во Европа има институции кои кажуваат дали се прекршени човековите права или не. Прво, има домашни институции: Комисија за заштита од дискриминација, судови и други органи. Доколку не им веруваат на нив, тука е Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Колку што знам, таа личност нема ниту поднесено апликација таму, а камоли судот да донел одлука. Доколку добие пресуда од релевантна европска институција како Стразбур, ќе ја почитуваме. Но, врз основа на никакви докази и факти, јасно е дека се прави само политичка злоупотреба – рече вицепремиерот.

Упати остри критики кон опозициската СДСМ, оценувајќи дека партијата работи спротивно на државните интереси. Според него, дејствувањето на СДСМ е синхронизирано со одредени структури од Бугарија, наведувајќи пример од изминатата недела по негово медиумско интервју.

– Најголемиот проблем е што кај нас има политичка партија која до 2024 година ја водеше владата, а која оди по нивните ноти … Мислам дека СДСМ работи во координација со одредени структури во Бугарија. Немам докази за да кажам дека работи во координација со точно одредени личности, но работи со одредени структури во Бугарија. Еве ќе ви го кажам последниот пример. Минатата среда бев на интервју кај вашиот колега Љупчо Златев, каде кажав тоа што сум го кажувал и претходно – дека дел од договорот што го потпиша Зоран Заев беше продажба на неколку македонски приватни компании на бугарски компании. И прашав: како е можно двајца премиери кои водат држави да договараат продажба на приватни компании? Веќе до 12:00 часот СДСМ одржа прес-конференција со напади кон мене. А околу 14:15 часот се огласи Виктор Стојанов од Фондацијата „Македонија“ со напади кои беа целосно синхронизирани со оние од СДСМ – истакна Николовски.