Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски оствари средба со амбасадорката на Република Чешка во земјава, Ирена Гетцова.
Од секторот за односи со јавност на Општина Битола информираа дека средбата межу Коњановски и Гетцова била срдечна со размена на информации од сферата на културниот туризам и економијата.

-Во срдечен разговор, амбасадорката Гецова ја запознав со историјата на градот, нејзината култура, традиција, економските потенцијал и туризмот. Разговаравме за продлабочување и интензивирање на соработката и на економски и на културен план. Чешка како земја членка на ЕУ ја поддржува Македонија на нејзината интеграцијата во европското семејство – истакна градоначалникот Коњановски.
Градоначалникот Тони Коњановски поведе иницијатива за збратимување на Битола со град од Чешка.

