Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Бугарскиот амбасадор, Венко Филипче виде дека граѓаните не сакаат ново предавство, па сменил руво и стана партизан кој маршира по прилепските улици

Бугарскиот амбасадор, Венко Филипче виде дека граѓаните не сакаат ново предавство, па…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бугарскиот амбасадор, Венко Филипче виде дека граѓаните не сакаат ново предавство, па сменил руво и стана партизан кој маршира по прилепските улици, пишува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче долго време јавноста го гледа како се ставил во улога на бугарски амбасадор кој ги застапува бугарските позиции, на штета на македонските интереси.

Арно ама, штом Филипче виде дека такво нешто не поминува кај граѓаните, дека народот не сака ново предавство по примерот на Зоран Заев, кој за да дојде на власт прифаќаше се и потпишуваше договори на бланко бели лист хартија, сменил тактика.

Реклама

Венко Филипче, одлучил да смени руво и од бугарски амбасадор да стане партизан, па така пред некој ден зел и да маршира по прилепските улици, со одвај 300 поддржувачи.

Кое лицемерие од страна на Венко Филипче, од една страна, постојано ги промовира барањата и ставот на Румен Радев за внесување на Бугарите во Уставот, а од друга страна, учествува на марш посветен на борбата против фашистичките окупатори.

Затоа, јавно го прашуваме Филипче, против кого маршираше викендов, против бугарските фашистички окупатори или против бугарските администратори, како што со Заев ги нарекувале Бугарите за периодот на Втората светска војна.

А, токму тоа е и причина што мал број луѓе му се придружија на таканаречениот марш, што е доказ дека, освен луѓе на Заев, поголема маса на поддржувачи Филипче и не може да привлече.

Филипче е прочитан и од партиските членови и активисти на СДСМ и од граѓаните, тоа го покажуваат и последните истражувања на јавното мислење, каде Венко има рејтинг 3%, а партијата под негово раководство 5%.