Намален бројот на деца до 5 години за редовни вакцини изминатава недела. Родителите се загрижени после веста за привремено одложување на вакцината БСЖ кај новороденчињата. Особено грижа имаат родителите чии новороденчиња ја примиле вакцината. Дали треба да стравуваат, кои реакции може да се појават, на што да внимаваат и кога да побараат лекарска помош биле најчестите прашања до надлежните за вакцинирање во вакциналните пунктови. Лекарите смируваат и велат нема простор за паника но воедно апелираат дека родителите треба ги следат децата особено по веста во Хрватска за сомнеж дека од истата вакцина кај некои деца се јавило воспаление на коските. По оваа вест се одложи привремено имунизацијата кај нас додека се проверуваат сериите за несаканите реакции во Хрватска.
-Мислам дека не треба да се загрижат премногу родителите, затоа што во нашата земја до Агелнцијата за лекови МАЛМЕД пријавена ниту една несакана реакција која што кореспондира или коинцидира со дадената БСЖ вакцина или појава на ваква дијагноза остеомиелитис или остеитис.. Родителите се загрижени секако ја разбирам загриженоста. Доаѓаат во диспанзерите и се распрашуваат што би се случило и што да очекуват–вели др. Соња Ралева-Школски диспанзер Бит Пазар
Лекарите апелираат до родителите дека е многу важно да се препознаат тешките компликации кои би се случиле особено за децата родени во 2025 година.
– Таа тековна година се вакцинирани сите деца со истата БСЖ вакцина од истиот производител. Важно е да се препознаат оток на одреден дел од телото, посебно каде што е дадена вакцината. Значи тоа се птемногу мали деца бидејќи вакцината се дава при излез од родилиште или во текот на првите месеци од животот каде што бебето значи немаме движење и слично меѓутоа компликациите може да се појават неколку недели па и години после давањето на вакцината. Доколу дететео има оток, цревнилото не е битно, ја штеди раката или ногата и некоја невообичаена симтоматологија–вели др. Соња Ралева-Школски диспанзер Бит Пазар
Во ваква ситуација посочуваат треба веднаш да се јават кај својот педијатар. Додаваат дека е многу важно за медицинските лица во иднина да ја запазат правилната апликација и дозирањето на вакцината и почитување на упатството на давање на вакцината. Инаку во нашата земја се дава истата вакцина од истиот производител од Бугарија речиси 20 години. Истата се дава и на новороденчиња и во регионот. За бебињата чија вакцинација е одложена, лекарите велат родителите да ги следат препораките на здравствените власти за дополнително примање на вакцината. Во меѓувреме,Министерството за здравство започнало набавка од друг производител, од Јапонија. Од Министерството нагласуваат дека имунизацијата против туберкулоза останува задолжителна. Во соопштението од 6 октомври се наведува дека во „Козле“ годинава се евидентирани 12 нови случаи на туберкулоза, наспроти 15 во 2025 година.

