Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Македонија

Поранешниот претседател, Иванов: Да го чуваме и градиме сето тоа што го имаме, тоа е нашата татковина, една и единствена

Поранешниот претседател на Македонија, Ѓорге Иванов, со своја објава на социјалните мрежи,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поранешниот претседател на Македонија, Ѓорге Иванов, со своја објава на социјалните мрежи, го честиташе 11 Октомври. Во неговата честитка, која интегрално ја објавуваме, се вели:

„Почитувани граѓани на Македонија, Годинава одбележуваме 85 години од 11 Октомври 1941 -та, од денот кога македонскиот народ се дигна на востание за ослободување на Македонија од нацистичкиот и фашистичкиот окупатор.

Нашите храбри борци и херои се впуштија во борба, за да ни ја донесат слободата и сонот за формирање на македонска држава.

Реклама

Преку оваа борба, нашиот народ на најдобар можен начин го покажа и докажа својот државотворен капацитет и право на изградба на самостојна, суверена и слободна држава. Токму со 11-ти Октомври и НОБ, застанавме на страната на антифашистичката коалиција. Македонските граѓани сплотени и заеднички знаеа да го изберат доброто, наспроти злото, правдата наспроти неправдата и непоколебливо и цврсто да застанат против фашизмот како едно од најголемите зла во човечката историја.

Затоа, како што се изборивме за слободата, државноста и независноста, така денес треба да се бориме за чување на придобивките и градење на просперитетна иднина за нашите потомци.

На овој голем празник, уште еднаш да се потсетиме и да им се заблагодариме на сите наши херои кои учествуваа во остварувањето на стремежот за слобода, државност и независнот. Нам ни останува да го чуваме и градиме сето тоа што го имаме. Тоа е нашата татковина, една и единствена Македонија.
Нека ни е честит и вековит 11ти Октомври!
Да живее Македонија!