Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Јаневска: Градежниот факултет 77 години создава инженери кои ја градат Македонија

Придонесот на генерации инженери школувани на Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Придонесот на генерации инженери школувани на Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје се гледа каде и да одите низ Македонија. Овие инженери се ценети и надвор од државните граници. Ако вистинската вредност на една институција се оценува преку делата на нејзините луѓе, тогаш Градежниот факултет може со гордост да ги одбележи 77-те години од основањето, рече министерката за образование и наука Весна Јаневска на одбележувањето на годишнината.

Градежниот факултет, порача Јаневска, успешно ги следи светските трендови во дигиталната трансформација, зелената транзиција и климатската адаптација кои го менуваат градежништвото, а идните инженери добиваат знаења и вештини кои им овозможуваат успешно да одговорат на современите професионални предизвици.

– Преку научно-истражувачка работа и учество во европски иницијативи и проекти, факултетот ги поврзува науката, иновациите и практиката. Меѓународната соработка што факултетот ја негува со бројни универзитети и институции, им овозможува на студентите и професорите да бидат дел од современите градежни текови, да разменуваат искуства и да создаваат знаење применливо во реалниот сектор – изјави Јаневска.

Реклама

Министерството за образование и наука, нагласи Јанева, останува партнер во креирањето современо и конкурентно високо образование и ќе продолжи да го поддржува Градежниот факултет во заложбите за квалитетна настава, научен напредок и создавање кадар подготвен за предизвиците на 21 век.

Јаневска, исто така, посочи дека Градежниот факултет треба да продолжи да го унапредува своето високо академско и научно рамниште, следејќи ги највисоките европски стандарди за квалитет и извонредност, додавајќи дека факултетот има клучна улога во создавањето инженери подготвени да одговорат на современите развојни предизвици, придонесувајќи за поодржливи и поотпорни заедници, современа инфраструктура и одговорно користење на природните ресурси.