Реклама

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Обвинение за смртта на работникот кој падна во окно од лифт, охридското обвинителство гони две лица и две фирми

Николоски: Владата ги претвора плановите во видливи резултати на терен – 100 милиони денари за локалната инфраструктура во Валандово

Инфлацијата под контрола, мерките на Владата треба да придонесат за уште посилен ефект

Судење за соѕиданите 350 илјади евра – одбраната ја оспорува ДНК трагата на парите

Нема повредени во пожарот во ГОБ „8 Септември“, отпушок од цигара најверојатно причина за огнот

Дипломатска офанзива на Мицкоски: Важно е да се презентираат позициите на Македонија, кои некои не ги поддржуваат, ниту разбираат

Македонија

Нацрт просторен план за Пелагонискиот регион до 2040 година – можности за изградба на автопат до граничниот премин Меџитлија, експресен пат од Битола до Охрид и националниот парк „Ниџе“

Претставници на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖПП) и Агенцијата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претставници на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖПП) и Агенцијата за планирање на просторот денеска во Битола одржаа презентација на Нацртот на просторниот план на Македонија 2040 со акценти за Пелагонискиот плански регион.

На јавната расправа, аудиториумот беше запознат со основните цени и концептот на Просторниот план, клучните плански решенија од национално значење и позначајните просторни развојни прашања и решенија важни за преспанско-пелагонискиот регион.

-Министерството за животна средина и просторно планирање води постапка за изработка и донесување на новиот просторен план на државата. Оваа постапка не е само презентација на обичен просторен план, туку и документ кој ќе даде насока како сакаме државата просторно да биде испланирана со 2040 година. Просторното планирање е важно и е уставна обврска. Актуелниот Просторен план кој сеуште се имплемтира беше со временски хоризонт до 2020 година и е со изминат рок, но до донесување на нов, ние ќе продолжиме да работиме според актуелниот Просторен план кој во речникот на планирање на просторот претставува Устав во планирање на просторот, посочи Неби Реџепи, раководител на секторот за просторно планирање во МЖПП.

Реклама

Учесниците на јавната расправа беа запознати со развојната стратегија што ја овозможува Просторниот план до 2040 година, начините за намалување на демографскиот јаз меѓу скопскиот и останатите региони во земјава, и најавија можности за изградба на автопат до граничниот премин Меџитлија, изградба на експресен пат од Битола до Охрид, изградба на 16 акумулации на реките во регионот, изградба на централа на биомаса, трансформаторски станици…но и потреба од нови економски политики за задржување на работната сила во регионот.

-Новата стратегија треба да овозможи развој на пелагонискиот плански регион, односно на деветте општини. Секако важен е и нашиот директен придонес за што подготвуваме Генерален урбанистички план за Општина Битола. Очекуваме јасни насоки за идното просторно планирање во регионот, истакна градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски.

Со новиот Просторен план во преспанско-пелагонискиот регион се очекува формирање на уште еден трет национален парк, односно покрај националните паркови „Пелистер“ и „Галичица“ да биде вклучен и националниот парк „Ниџе“, беше соопштено на денешната јавна презентација во Општина Битола.