Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Б.П.(42) од село Тработивиште, делчевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“ – соопшти МВР.
-На 01.05.2026 околу 08:00 часот од шума на место викано „Собориштето“ на планина Средна, пријавениот од државен имот со моторна пила извршил бесправна сеча на дабово огревно дрво, ги натоварил на трактор и без документација ги однел во дворот од неговата куќа – додаваат од Министерството.

