Пратеникот Филипче да каже зошто досега молчел и не се обратил до ЈО, за скандалот на Славјанка Петровска вреден 37 милиони евра? Дали распукувањето на калимерата меѓу овие двајца пратеници од редовите на СДСМ, воедно и поранешни владини функционери, го натера пратеникот Филипче да прозбори за како што вели тој, скандал вреден 37 милиони евра на пратеничката Славјанка Петровска, додека ја извршувала функцијата министерка за одбрана, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција.
Доколку Филипче знаел за ова, а не пријавил, тој по којзнае кој пат прави кривично дело.
Имено, непријавување кривично дело или сторител е казниво согласно Член 364 од КЗ и за тој што свесно ќе пропушти да пријави кривично дело. А со оглед на тоа дека Филипче јавно говореше за сторено кривично дело од Петровска, го повикуваме ЈО, да го повика Филипче на информативен разговор и да ги обелодени сите информации кои ги има, а се поврзани со овој случај.

