Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

ФП: Приведени две лица осомничени за проневера на буџетски средства во износ од речиси 80 милиони денари

– Во текот на денешниот ден, овластени службени лица од Управата за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Во текот на денешниот ден, овластени службени лица од Управата за финансиска полиција, постапувајќи по наредби издадени од судија на претходна постапка во координација и под раководство на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје, спроведуваат претреси на дом и лица на повеќе локации, соопштија попладнево од Управата за финансиска полиција.

– Акцијата произлегува од предистражна постапка насочена кон откривање и документирање на кривични дела од областа на финансискиот криминал за кои постојат основи на сомнение дека се извршени од службени лица со цел стекнување противправна имотна корист од големи размери и со кои се проневерени буџетски средства во износ од речиси 80 милиони денари. Во рамки на акцијата, а во согласност со насоките на надлежниот јавен обвинител, од страна на овластени службени лица од Управата за финансиска полиција, лишени од слобода се две лица – информираа оттаму.