Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Акција„Чистач“: Откриени и санкционирани бројни случаи на насилен, шверц на дрога и прекуграничен криминал

„Чистач“ ја чисти Македонија од криминал – илјадници полициски контроли, апсења, претреси…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Чистач“ ја чисти Македонија од криминал – илјадници полициски контроли, апсења, претреси и заплени во акцијата што повеќе од две години се спроведува низ целата држава. На удар се и насилниците, дилерите на дрога и криминалните канали кои ја преминуваат границата. Речиси 75 илјади граѓани поминале низ полициска контрола, а биле направени и над 158 илјади прегледи на луѓе, провозни средства и багаж. Уапсени биле вкупно 5.628 лица, имало1.158 претреси на домови и други простории, а поднесени се 1.135 кривични пријави.

Крим полицијата на терен – од септември 2024 година МВР спроведува Оперативна акција „Чистач“ на целата територија на Македонија која детектира, следи и расветлува девијантни појави.  


Во акцијата „Чистач“ на полицијата, од вкупниот број поднеснеи кривични пријави 88 се од областа на насилниот криминал, додека 1.047 кривични пријави се однесуваат на кривични дела поврзани со недозволена трговија со дрога.

Реклама
  • „Во текот на реализацијата на акцијата запленети се значителни количини различни видови наркотични дроги, меѓу кои марихуана, кокаин, амфетамин, хероин, хашиш и таблети МДМА, како и оружје, парични средства, повеќе патнички моторни возила и мобилни телефони“ информираат од полицијата.

Како дел од акцијата, спречени се и повеќе меѓународни канали за недозволена трговија со наркотични дроги, особено на граничните премини Табановце, Деве Баир и Стар Дојран, велат од полицијата.

  • „Реализираните активности и постигнатите резултати во рамки на Оперативната акција „Чистач“ укажуваат на значително унапредување на ефикасноста и ефективноста на откривачката дејност на полициските службеници од сите Сектори за внатрешни работи и Регионални центри за гранични работи“ велат од МВР.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека проверките и засилените контроли ќе продолжат и во следниот период на територија на цела Македонија, о цел навремено откривање и сузбивање на насилниот криминал, недозволената трговија со дрога и шверцот.