Реклама

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Прифатен предлогот за определување нова мерка притвор против Дејан Јованов „газда Деко“ во случајот Пулс

Фон дер Лајен: Македонија ѝ припаѓа на ЕУ, ќе ја пречекаме со македонскиот идентитет и јазик

Мицкоски по совет на Фон дер Лајен побарал од Муцунски официјално да закаже средба со неговата бугарска колешка следната недела во Софија

Мицкоски: Очекуваме ЕУ да се вклучи во разговорите со Бугарија, со цел да се создаде европско одржливо решение, без нови билатерални условувања

Фон дер Лајен пристигна во Владата на средба со Мицкоски

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром

Филипче на удар по собранискиот испад – и довчерашните поддржувачи бараат оставка

Николоски: Ги спроведуваме реформите и Планот за раст на ЕУ

Фон дер Лајен во Скопје на средби со државниот врв – во фокусот европската интеграција на земјата

Македонија

Директор на „Државна лотарија“ на судењето негираше сознанија за влијание на Груби врз одлуките на Бајрами

Со вкрстено испитување на сведокот Владо Петковски, директор на Секторот за игри…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со вкрстено испитување на сведокот Владо Петковски, директор на Секторот за игри на среќа во АД „Државна лотарија“, денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето за предметот „Државна лотарија“, откако претходно тој беше директно испитан од обвинителството.

Во текот на вкрстеното испитување од обвинителтвото, сведокот негираше дека има сознанија за причините поради кои била разрешена поранешната директорка на Државна лотарија и дали Перпарим Бајрами бил назначен со цел да ги реализира проектите поврзани со самостојно приредување игри на среќа и формирање нови друштва.

На прашање дали му е познато дека Бајрами му кажувал оти без одобрение од Артан Груби не носи одлуки или дека за секоја одлука се консултирал со него, Петковски одговори дека не знае. Тој негираше и дека присуствувал на средба меѓу Бајрами и Груби на бензинска станица во Карпош во текот на 2024 година.

Реклама

По завршувањето на рочиштето, бранителот на Артан Груби, адвокатот Гоце Ристевски, оцени дека исказот на сведокот оди во прилог на одбраната.

– Денеска сведокот што беше на листата на Обвинителството практично беше прогласен за непријателски сведок. Тоа не можам да го коментирам. Исказот на сведокот во целост ја потврдува тезата на одбраната, а тоа е дека конкретно обвинетиот Артан Груби не преземал никакви противправни дејствија во конкретниот случај. Сведокот потврди што се случувало во рамките на Државна лотарија и дека сè било во согласност со законот – изјави Ристевски.

Претходно денеска Петковски сведочеше дека повеќе развојни проекти во АД „Државна лотарија“, меѓу кои формирањето на „Ново ВЛТ“, интернет-платформата „Мегавин.мк“ и иницијативата за самостојно приредување електронски игри на среќа, биле покренати во мандатот на тогашниот генерален директор Перпарим Бајрами. Тој и во директното испитување од Обвинителството изјави дека не може да каже кои биле причините за смената на поранешната директорка Катица Николовска Прнакова, ниту дека има непосредни сознанија за односите меѓу Бајрами и Груби.

Оценувајќи дека поради дадените одговори повеќе не може да се смета за сведок на странката што го предложила, Обвинителството побара сведокот да биде вкрстено испитан, Судот го прифати барањето и одлучи постапката да продолжи со вкрстено испитување.

Во предметот „Државна лотарија“, покрај Артан Груби и Перпарим Бајрами, обвинети се и Башким Авди, Методија Димовски, Скендер Мехмети, Бојан Јанев, Фатмир Рамадановски и Александар Димитриоски. Според обвинението, со пречекорување на службените овластувања предизвикале штета на АД „Државна лотарија“ во износ од 596.125.511 денари. Сите обвинети се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.