Реклама

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Македонија

Еколошка акција за чистење јавни и зелени површини во Чаир

На територијата на Општина Чаир денеска се реализираше еколошката акција „Излези и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На територијата на Општина Чаир денеска се реализираше еколошката акција „Излези и придружи се!“, во која учествуваа граѓани, млади, ученици, волонтери и претставници на институциите и јавните претпријатија.

Како што стои во соопштението на Општина Чаир, во акцијата се вклучиле вработени во институциите и јавните претпријатија, волонтери на Црвениот крст, како и ученици од сите општински основни училишта во Чаир, кои дејствувале на повеќе локации низ општината.

– Во акцијата се вклучија вработени во институциите и јавните претпријатија, волонтери на Црвениот крст, ученици, млади и граѓани, кои дејствуваа на повеќе локации низ општината. Една од рутите започна пред објектот на Општина Чаир и продолжи кон Паркот Чаир, при што беа чистени површините долж оваа траса и во самиот парк – стои во соопштението.

Реклама

Од Општина Чаир ја нагласуваат потребата од континуиран ангажман и заедничка одговорност во заштитата на животната средина и одржувањето на јавните површини, посочувајќи дека акцијата ги обединила различните генерации околу заедничка цел – почиста и поуредна општина.

– Во училишните дворови и околните површини беа спроведени активности за чистење, преку кои учениците дадоа свој придонес за почиста и поуредна средина, станувајќи дел од заедничкиот ангажман што се реализираше на територијата на Скопје. Учеството на училиштата од Чаир во оваа акција имаше и едукативен карактер, поттикнувајќи ја свеста кај учениците за важноста на заштитата на животната средина и одговорноста кон заедничките простори – додаваат од Општината.

Општина Чаир најави дека ќе продолжи да поддржува и промовира иницијативи за подигнување на еколошката свест и активно учество на граѓаните во грижата за животната средина.