Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Прилози

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Од објект со влага, прокиснати покриви и без топла вода, до модерен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од објект со влага, прокиснати покриви и без топла вода, до модерен и енергетски ефикасен дом за 1150 студенти. По децении живеење во мизерни услови, домот „Стив Наумов“ доби целосно нов лик, а студентите – европски услови за живот. Студентскиот дом повторно ги отвори вратите за младите, а според најавите, ова е дел од поширок проект кој предвидува реконструкција на 9 студентски домови и 6 училишта со ресурсни центри, со вкупна инвестиција од 83 милиони евра.   

„Денес конечно го имаме отварањето на „Стив Наумов“, делумно е вселен, студентите нема да мора веќе да се грижат за влага, дали е топло или ладно и сега ќе можат да се посветат на учењето“ – вели Весна Јаневска, министерка за образование и наука.

Подобрувањето на студентскиот стандард, и зголемувањето на енергетската ефикасност на јавните објекти има поддршката од ЕУ и германските партнери.  Освен подобри услови за студентите, целта е да се намали потрошувачката на електрична енергија и емисиите на јаглерод диоксид.

Реклама

„Ова е зелена инвестиција која ке придонесе за намалување на ЦО2 емисиите, инвестиција во младите е инвестиција во нашата иднина. На овој начин ќе имаат можност да учат, разменуваат идеи и да склучуваат пријателства.“- вели Евроамбасадорот Михалис Рокас.

„Го имаме овој проект за да обезбедиме подобра иднина за граѓаните, се залагаме и за енергетска ефикасна рехабилитација и ќе овозможиме зелена и одржлива иднина за сите.“- вели германската амбасадорка Петра Дрекслер.

Но, реконструкцијата не застанува тука. До крајот на годината треба да биде отворен и студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“ кој ќе отвори уште 280 студентски легла.  Започнува и реконструкцијата на домовите „Пелагонија“ и „Томе Стефановски – Сениќ“, поради што тие нема да бидат во функција. Во Штип започнува реконструкцијата на студентскиот дом „Браќа Миладиновци“, а во Охрид годинва ќе се обновува  домот за студенти  „Никола Карев“.