Реклама

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Македонија

Хоџа: Безбедноста на животната средина бара силни институции и меѓународна соработка

Климатските промени, загадувањето, деградацијата на природата, отпадот, недостигот на ресурси и прекуграничните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Климатските промени, загадувањето, деградацијата на природата, отпадот, недостигот на ресурси и прекуграничните ризици сè повеќе се дел од глобалната безбедносна агенда, рече министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, во обраќањето на Националниот семинар за безбедност на животната средина, кој се одржа во Скопје, во рамки на ЕУ твининг проектот за зајакнување на капацитетите за спроведување на законодавството за животна средина.

-Ниту една земја не може сама да одговори на овие предизвици. Нашиот пристап мора да биде јасен: превенција наместо реакција, соработка наместо изолираност и институционална одговорност- порача Хоџа.

Тој нагласи дека еколошката безбедност, владеењето на правото и борбата против криминалот се неразделно поврзани и посебно ја истакна улогата на инспекциските и другите надлежни органи во спречувањето незаконски активности кои можат да ја загрозат животната средина, здравјето и природните ресурси.

Реклама

Хоџа порача дека државата останува посветена на јакнењето на институционалните капацитети и продлабочувањето на регионалната и меѓународната соработка за безбедна животна средина за сегашните и идните генерации. Според министерот, меѓународната соработка е оперативна потреба, особено во справувањето со прекуграничниот еколошки криминал, а особено важна е и соработката преку мрежи како Мрежата на ЕУ за спроведување и примена на законодавството за животна средина (IMPEL).

На семинарот се дискутираше за идните еколошки предизвици, вклучително и итните состојби, јавното здравје и климатските промени. Во дискусиите учествуваа и експерти и претставници од Грција и Шпанија.