Реклама

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Прилози

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Директорот на Историскиот музеј Крушево, Миха Оџаклиески си  поднесе неотповиклива оставка. По…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Директорот на Историскиот музеј Крушево, Миха Оџаклиески си  поднесе неотповиклива оставка. По бројните реакции затоа што дозволил косовскиот рапер Дон Џони да сними спот во Македониумот, место кое важи за заштитено културно наследство тој се повлече од функицијата.  Оџаклиески навел дека одлуката е личен,  морален и етички чин и израз на одговорност кон институцијата и кон јавноста. Оставката следува по реакцијата и на премиерот Христијан Мицкоски кој побара разрешување освен на директорот и на членовите на Управниот одбор.

„Ги следев тие реакции, навистина тоа што таму се случило, претставува нешто што не требало да се случи. Јас ќе побарам од министерот за култура и туризам да биде разрешен директорот на таа институција, заедно со Управниот одбор, бидејќи таков тип институции не треба да бидат изнајмувани и користени за такви намени. Јас им се извинувам на граѓаните поради тоа што тој пропуст е направен и се случил и ќе се трудиме во иднина такво нешто да не се повтори“, изјави премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски.

Директорите треба да внимаат за каква намена ги издаваат објектите, апелираше министерот за култура и туризам. Сулејмани највува разрешница на случајот кој ја вознемири јавноста.

Реклама

„Ние како Министерство сме надлежни да ги браниме сите артисти и сите тие што се културни работници. Имаме еден случај пред себе што е чувствителен, но ќе треба да видиме со правните служби како понатаму, и ако треба некоја законска измена да се направи. Имаат право да изнајмуваат, но директорите треба да внимаваат кога изнајмуваат објекти, да знаат какви програми ќе се одржуваат и со каква содржина“, изјави Седат Сулејмани – министер за култура и туризам.

Македониумот му бил изнајмен на косовскиот рапер Дони Џони за 500 евра, за пет до шест часа снимање. Директорот на Историскиот музеј во Крушево, Миха Оџаклиески, потврдил дека продукцијата претходно побарала дозвола, а просторот бил отстапен врз основа на одлука на Управниот одбор.

Во меѓувреме, косовскиот рапер Дон Џони, кој во Македониумот го сними спотот за својата песна Секси Мама, се огласи на социјалните мрежи. Порача дека ниту тој ниту неговиот тим имале намера да провоцираат, навредуваат или да ја намалат вредноста на која било земја или симбол. Локацијата, како што објасни, била избрана од продукцијата како дел од сценариото, без скриена порака или намера за провокација.