Грејната сезона ќе почне на 15 октомври 2026, а ќе завтши на 15 април 2027 година – соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Грејната сезона може да почне и порано, од 1 октомври, и да заврши најдоцна до 30 април во случај кога прогнозираната средна надворешна температура за следниот ден е еднаква или помала од 12 ºС.
Во согласност со правилата за снабдување со топлинска енергија и тарифниот систем за продажба на топлинска енергија, снабдувачот е должен во грејните простории од 6 до 22 часот во текот на денот да обезбеди температура на греење од 20+1 º C.
РКЕ ги потсетува заедниците на станари да ги проверат внатрешните инсталации и инсталациите во објектите и да ги намират сметките за електрична енергија за топлинските потстаници со цел грејната сезона да почне без проблеми.

