Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Со изведување докази продолжува судењето за „Државна лотарија“

– Со изведување на материјалните докази од страна на Јавното обвинителство, денеска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Со изведување на материјалните докази од страна на Јавното обвинителство, денеска во Основниот кривичен суд Скопје треба да продолжи судењето за предметот „Државна лотарија“, во кој меѓу обвинетите се и поранешниот прв вицепремиер Артан Груби и поранешниот директор на АД „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами.

На минатото рочиште Обвинителството презентира обемна документација поврзана со основањето на заедничкото друштво со странски партнер, владини одлуки, како и финансиски трансакции поврзани со набавката на видеолотариски терминали (ВЛТ).

Во судницата беа изведени и програмата за работа на АД „Државна лотарија“ за 2023 година, договор за дело и мислење изготвено од овластен проценувач за вредноста и исплатливоста на вложувањето во видеолотариски терминали, како и информација доставена до Генералниот секретаријат на Владата за потребата од самостојно приредување електронски игри на среќа со анализа на пазарот. Обвинителството се осврна и на доказите што произлегуваат од 158. владина седница одржана на 6 јуни 2023 година – предлог-дневниот ред, стенографските белешки, записниците, владините заклучоци и одлуката за одобрување на работењето на Управниот одбор на „Лотаријата“, како и мислењето од Министерството за финансии.

Реклама

Како материјални докази беа приложени и девизни налози, банкарски изводи од Халк банка, аналитички картички за економските оператори „Еврогамес технолоџи“, „Синот“ и „Шпедиција МКД“, како и десетици формулари за реализација на фактури, сметки и испратници за набавените апарати.

Покрај поранешниот вицепремиер Артан Груби и ексдиректорот на „Лотаријата“, Перпарим Бајрами, кои беа во бегство, но се вратија и им се предадоа на властите во земјата, во овој судски предмет обвинети се и Башким Авди, Методија Димовски, Скендер Мехмети, Бојан Јанев, Фатмир Рамадановски и Александар Димитриоски. Тие се товарат дека со пречекорување на службените овластувања предизвикале штета на АД „Државна лотарија“ во износ од 596.125.511 денари.

Сите обвинети во претходниот тек на постапката се изјаснија дека не се чувствуваат виновни за делата што им се ставаат на товар.

Обвинението го застапуваат јавните обвинители Даниел Коцев и Александар Давчевски, а судскиот процес го води судијката Билјана Шуплиновска-Јовевски.