Реклама

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Мицкоски: Енергетски сме стабилни, а инфлацијата е за 50% пониска од онаа во ЕУ

По децении чекање: Камен темелник за „Чебрен и Галиште“ следната година

Мицкоски: Македонија ќе ја прилагодува надворешната политика кон новите европски трендови

Мицкоски: Утре ќе биде отворен реновираниот студентски дом „Стив Наумов“, инвестициите во образованието се огромни и приоритет на Владата

Мицкоски: Во судството имаме измеќарско малцинство коешто им слугува на СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Марихуана-политиката и „Стабри“-здравството беа понудата на Филипче, наспроти дата-центрите и развојот којшто мора да се случи во државата

Мицкоски: Со модернизацијата на хидроелектраните ќе го зголемиме производството на обновлива енергија

Мицкоски: Поранешната влада сама прифатила за услов промена на Уставот, сега ние се бориме за подобри позиции

Мицкоски: Овие од СДСМ што се против рудници нека ги прашаат граѓаните на Крива Паланка што мислат за антимонот — и нивниот градоначалник го поддржува проектот

Мицкоски: Кога од СДСМ ќе обвинуваат за масовна делегација, ќе потсетам дека со владите на Заев и Ковачевски оделе по 50-ина луѓе, но без резултати

Фон дер Лајен в петок доаѓа во Скопје на средби со претседателката Сиљановска Давкова и премиерот Мицкоски

Македонија

Стаменкоска Трајкоска: Законското работење и транспарентноста се темел на нашата работа, силна бизнис заедница значи мотив за младите да останат дома

Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска денес беше дел од јавно-приватен дијалог кој ги…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска денес беше дел од јавно-приватен дијалог кој ги обедини претставниците на институциите, бизнис заедницата и младите од Општина Кисела Вода.

Настанот се реализира како дел од проектот за мобилизирање на малите и средните претпријатија како лидери против корупцијата, чиј организатор и кофинансиер е Фондацијата Конрад Аденауер, заедно со Европската Унија.

Отворената дискусија и размената на искуства, ставови и предлози меѓу учесниците треба да придонесе кон формулирање на конкретни препораки за подобрување на локалните политики и унапредување на антикорупциските механизми.

Реклама

Во фокусот на дијалогот, денес беа клучните предизвици со кои се соочуваат компаниите на локално ниво, со посебен осврт на транспарентноста, јавните набавки и административните процедури кои директно влијаат врз деловното опкружување. Дополнителен акцент беше ставен на улогата на локалните институции, како и на важноста од вклучувањето на жените претприемачи и младите во градењето на правична бизнис-клима.

Пред присутните стопанственици и млади луѓе од општина Кисела Вода, покрај градоначалничката Стаменкоска Трајкоска, свои обраќања имаа и претседателката на Здружението на бизнис жени, Валентина Дисоска, како и претставникот на Фондацијата Конрад Аденауер, Александар Цеков. Тие ја истакнаа неопходноста од заедничка соработка за надминување на корупциските ризици.

Градоначалничката Стаменкоска Трајкоска во своето обраќање ја потенцираше цврстата определба на Општината за создавање стимулативна бизнис средина преку владеење на правото, поврзувајќи го економскиот напредок со најважната цел – иднината на младите:

-Корупцијата не е само изолиран предизвик, таа е сериозна пречка за економскиот напредок, ја нарушува лојалната конкуренција и ја урива довербата на граѓаните. Одговорот на овој предизвик лежи во бескомпромисно законско работење и апсолутна транспарентност. Овие два принципа се најсилните алатки за сузбивање на корупцијата и тие се темелот на нашето работење како локална самоуправа. За нас е од суштинско значење вашите барања и потреби да ги слушнеме директно, во прво лице и токму за таа намена во Општината е оформен и веќе активно функционира Советот на стопанственици. Секој наш чекор кон зајакнување на деловниот сектор врз основа на транспарентност и интегритет води кон една најважна цел- задржувањето на младите во Македонија. Силна бизнис заедница значи реална можност за кариерен напредок, финансиска стабилност и главен мотив за младите да го градат својот живот тука, во својата земја-истакна градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска

На самиот крај од настанот беше истакнато дека претставниците на малите и средните претпријатија ќе имаат можност да присуствуваат на бесплатна обука, преку која ќе можат да се стекнат со сертификат „Бизнис со интегритет“.