Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Прилози

Мицкоски: Енергетски сме стабилни, а инфлацијата е за 50% пониска од онаа во ЕУ

Двојно пониска инфлација од ЕУ, доволно резерви со нафта и гас, стабилни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Двојно пониска инфлација од ЕУ, доволно резерви со нафта и гас, стабилни цени на струја. Во пресрет на зимскиот период, граѓаните и стопанствениците не треба да стравуваат од шокови на енергетски план. Така, барем, уверува премиерот Христијан Мицкоски, кој вели дека државата има обезбедено доволно количини дизел до крајот на годината. За ова тој добил уверување од прва рака од клучните компании кои го снабдуваат македонскиот пазар. Синџирот на снабдување е стабилен, а резервите полни до крајот на годинава:

„Добив уверување дека до крајот на годината сигурно нема да има никакви проблеми во делот на снабдувањето на македонскиот пазар, дури ќе има и количини за извоз“, изјави Христијан Мицкоски – претседател на Владата на Македонија

Мицкоски појасни дека во моментов снабдувањето со дизел се обезбедува преку повеќе канали, меѓу кои преку продуктоводот, железницата и со автоцистерни. Она што сепак не може да се предвиди за периодот потоа е состојбата со извозот на глобалните пазари и развојот на случувањата со Иран и Украина. Но, клучно е што во моментов состојбата кај нас е стабилна, не само во делот на нафтата, туку и со гасот:

Реклама

„Во моментов, од денешна оптика, ако ги гледаме работите, немаме предизвик во однос на гасот, но, да, во Европа ќе има сериозен предизвик. Но, ние во овој момент, енергетски сме во исклучително добра, солидна состојба“, изјави Христијан Мицкоски – претседател на Владата на Македонија

Во ваков амбиент, охрабрува податокот во делот и на инфлацијата, која според последните податоци е пониска од онаа во ЕУ. Во јули таа изнесуваше 2,3 проценти, а во август 2,6 проценти, што е безмалку 50% пониско од европскиот просек во овие два месеца. Ова, според Мицкоски, е потврда за соодветноста на политиките и мерките кои се носат за да се амортизира надворешниот удар и да се заштити стандардот на граѓаните. Тој потсети дека пред 4 години, во услови на енергетска криза, повисоката инфлација во Македонија во однос на Европската Унија се објаснувала со увезена инфлација.

„Еве, ние покажавме дека тоа не е точно и дека тоа биле лажни кампањи, дека можело да се биде на ниво под тоа коешто го има европското, и тоа за 50% пониска инфлација“, изјави претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

Ценовната стабилност треба да ја гарантираат и цените на горивата, кои кај нас и натаму се меѓу најевтините во Европа. Со последното намалување, дизелот поевтини за четири и пол денари. Ваквиот развој е директна последица на владиниот потег да продолжи мерката со која данокот на додадена вредност за дизелот од 18 се намали на 10%. Таа останува во сила до 12 октомври. Ова остава простор за економијата да дише, од транспортот, па сè до преработувачката индустрија, каде овој дериват диктира сериозен дел од трошоците за работење.