Реклама

Делчево го намалува долгот – по 20 години се наѕира деблокада на општинската сметка

Сушата и невремето го намалија родот на тутунот

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Филипче обвинува за пуч, Платформата дека шири хистерија

Туризмот расте – Од година во година се повеќе туристи во Македонија

Мицкоски: Со Бугарија имаме билатерален спор, потребна е вклученост на ЕУ за да ги слушне аргументите на двете страни

Мицкоски: Потребни се брзи испораки од ЕУ со цел да се намалат фрустрациите на граѓаните од Западен Балкан

Сиљановска Давкова ја одликуваш научничката Светлана Мојсов со орден „8 септември“ за заслуги во биохемијата

Кочани доби центар за услуги – документи без шетање по институции

Николоски: ќе се гради експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија

Цврсто во НАТО, стратешки со САД и со јасни правила за членство во Европската Унија – силни и јасни пораки на премиерот Мицкоски од Њујорк

Македонија

До 7 октомври пријавување за ромски образовни медијатори – МОН ќе ангажира 50 во основните и 35 во средните училишта 

До 7 октомври се отворени јавните повици на Министерството за образование и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

До 7 октомври се отворени јавните повици на Министерството за образование и наука за ангажирање ромски образовни медијатори за поддршка на образованието на Роми од социјално загрозени семејства и/или кои се подолго време надвор од образовниот систем.

Повиците се наменети за 50 медијатори во основните и за 35 во средните училишта за поддржка на учениците Роми во учебната 2026/2027 година.

Улогата на образовниот медијатор е да помогне и презема активности за подобрување на информираноста за можностите и пристапот до училиштата, спроведува редовни средби за сензибилизација на населението и вработените во училиштето со спецификите и потребите на ранливите групи во делот на образованието, редовно соработува со стручните соработници и наставниците за подобрување на постигањата на учениците, презема активности за намалување на напуштањето на воспитно-образовниот процес на учениците.

Реклама

МОН во тековната учебна година привремено ќе ангажира 50 образовни медијатори за поддршка на основци Роми во општините: Шуто Оризари, Карпош, Ѓорче Петров, Чаир, Центар, Кисела Вода, Аеродром, Гази Баба, Бутел, Тетово, Гостивар, Кичево, Дебар, Битола, Прилеп, Куманово, Штип, Кочани, Виница, Делчево, Берово, Велес/Градско, Кавадарци, Крива Паланка, Охрид, Неготино, Илинден и Радовиш.

Привремено ќе бидат ангажирани и 35 образовни медијатори во средните училишта во: Скопје, Тетово, Гостивар, Кичево, Дебар, Битола, Прилеп, Куманово, Штип, Кочани, Виница, Делчево, Берово, Охрид, Струга, Велес, Неготино и Кавадарци.

Кандидатите треба да се невработени или вработени со скратено работно време; да се државјани на Република Македонија и да се припадници на ромската етничка заедница.

За ангажманот тие ќе добиваат хонорар со месечен износ од 20.000 за период од најмногу два  месеца во текот на 2026 година и осум месеци во текот на 2027 година.

Во објавените повици на МОН се наведени задачите и обврските што ќе ги имаат ромските образовни медијатори, критериумите што треба да ги исполнат кандидатите, како и информации за потребните документи и начинот на аплицирање.