Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

АХВ по повод Денот против беснило: Домашните миленици редовно да се носат на вакцинација и да бидат микрочипирани

На секои девет минути, беснилото зема уште една жртва, но смртта може…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На секои девет минути, беснилото зема уште една жртва, но смртта може да биде 100 отсто спречена. Кога работиме заедно, можеме да го прошириме пристапот до вакцинација на кучиња што спасува животи, да ги подобриме системите за надзор и пријавување на беснило, да ја зајакнеме јавната свест и образование, да ги поддржиме политиките што ги штитат и луѓето и животните и да изградиме одржливи решенија водени од заедницата, порачува Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) по повод 20. Светски ден на беснило – 28 септември, чие мото годинава е „Заедно посилни“.

Мотото, како што истакнува АХВ, одразува критичен момент во напорите за елиминација на беснило, каде што напредокот сè повеќе зависи од тоа колку добро соработуваат секторите, дисциплините и заедниците. Иако е постигнат значителен напредок, празнините во координацијата и соработката продолжуваат да го ограничуваат влијанието. Оваа тема ја нагласува итноста од зајакнување на партнерствата, подобрување на комуникацијата и усогласување на напорите низ системите за здравје на луѓето и животните.

АХВ потсетува дека е во тек кампањата „стоп Беснило – пријави и спречи“, која има за цел да го зголеми пасивниот надзор на болеста, односно да се провери евентуалното присуство на вирус кај угинати животни кои се приемчиви на беснило. Притоа, апелира до сите возачи и граѓани, доколку забележат угинато животно приемчиво на болеста – лисица или други диви месојади, случајот да го пријават на бесплатниот телефонски број 0800 00 210 или во канцелариите на подрачните единици на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Реклама

АХВ воедно ги повикува на одговорно сопствеништво граѓаните кои имаат кучиња и мачки – да ги носат домашните миленици на редовна задолжителна годишна вакцинација и да ги микрочипираат.

-Континуирано преземаме активности за контрола и одржување позитивна епидемиолошка состојба кога е беснилото како болест во прашање. Акцијата на зголемување на бројот на идентификувани и регистрирани, а со тоа и вакцинирани против беснило миленици (кучиња и мачки) е само дел од мерките кои се преземаат, а се основа и за воспоставување на контрола на популацијата бездомни животни, нагласува АХВ.

Прв пат по пауза од три години, Агенцијата за храна и ветеринарство во 2025 година почна кампања за орална вакцинација на лисиците, со цел подобрување на епидемиолошка состојба со болеста беснило во земјава и регионот кај дивата популација. Оваа година кампањата за авионска дистрибуција на 450.000 вакцинални мамки почна на 23 септември и се очекува да заврши до 2 октомври, по што во рок од 15 дена ќе почне со земање примероци за проверка на успешноста на вакцинацијата.