Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Студентите нема повеќе да чекаат на шалтерите на ЈСП за да извадат картичка за бесплатен превоз

Се воведува дигитална студентска картичка, решение кое е  подготвено преку соработка меѓу…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се воведува дигитална студентска картичка, решение кое е  подготвено преку соработка меѓу ЈСП, ФИНКИ и универзитетите, а со заложба на градоначалникот на Град Скопје и раководството на ЈСП, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Со воведувањето на дигиталната студентска превозна картичка, барањето на студентите се претвора во конкретно  решение. На овој начин студентите добиваат поедноставен пристап, наместо повторно да носат хартиени потврди.

Ова решение се подготвува преку соработка меѓу ЈСП и ФИНКИ, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Универзитетот „Мајка Тереза“.

Реклама

Студентскиот статус ќе се потврдува преку автоматска синхронизација на податоците меѓу ЈСП и универзитетите.

Така, нема да има потреба  студентите да доставуваат хартиени потврди и лично да одат на шалтер за заверка како што беше до сега.

Дигиталната картичка ќе биде достапна преку апликацијата SkopjeBus.

Студентите ќе добијат упатства на својата електронска адреса, ќе се најават со истата адреса што ја користат на универзитетот и ќе можат да ја активираат картичката, а QR-кодот од својот телефон ќе биде за валидација во автобусот.

Оваа реформа е уште еден доказ дека модернизацијата на јавните услуги оди рака под рака со грижата за младите. УМС на ВМРО-ДПМНЕ и понатаму ќе остане отворена кон темите што ги засегаат студентите, ќе го следи спроведувањето на промената во пракса и ќе ги пренесува понатаму нивните предлози и забелешки до надлежните институции.