Филипче излезе вчера во јавноста и почна да го вперува прстот кон поранешни функционери и симпатизери на СДСM, кои јавно кажаа дека не се согласуваат со него на мнгoу полиња, и уште еднаш покажа дека ќе прави се спротивно од сите останати, само за да испадне дека е поразличен, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Претходно, ВМРО-ДПМНЕ му беше крива затоа што СДСM се распаѓа под негово водство.
Веќе некое време, поранешни функционери на СДСM се против Филипче да биде претседател, а за тоа се формираат и цели опозициски фронтови, со цел тој да се повлече, затоа што очигледно е дека, освен потрчковците лојални на Заев, меѓу кои е и тој самиот, сите знаат дека Филипче не ја води СДСM да биде опозиција во земјава, туку сака само да дојде некако на власт. Пред одредено време, тој се нудеше на странски држави и ги усогласуваше неговите ставови со туѓи агенди, оти се надеваше дека ќе му помогнат да дојде на власт.
Никој не му е крив на Филипче што СДСM се распаѓа, напротив, на ВМРО-ДПМНЕ му одговара вакво СДСM на чело со него.
По две години ширење паника и хаос во јавноста, де со мигранти, де со измислици, СДСM со Венко не успеа да направи ништо, не успеа ниту да биде опозиција, па следно се очекува да каже дека ќе дојдат вонземјани.
Дека Венко живее во друг свет, тоа на сите им е јасно, јасно е и по јавното мислење, јасно е и по бројките од неколкуте изборни циклуси, јасно е и по неговото и однесувањето на СДСM, оти не знаат што прават како опозиција и никако не можат да се помират дека не се на власт, а ако продолжат вака, ќе исчезнат само како политичка партија.

