Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Сиљановска-Давкова по повод Меѓународниот ден на Бошњаците: Посакувам меѓусебно да се почитуваме и разбираме во градењето заеднички дом

Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова на Бошњаците во Македонија им го честита…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова на Бошњаците во Македонија им го честита  28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците.

Како што наведува во честитката, Бошњаците се релевантен субјект во политичкото одлучување и економскиот развој на земјата и имаат не само уставно загарантирано право слободно да го изразуваат, негуваат и развиваат својот идентитет туку и реално да го остваруваат.  

– Вие не сте само припадници на еден етнос, туку и важен човечки капитал. Вие, Бошњаците, имате не само уставно загарантирано право слободно да го изразувате, негувате и развивате својот идентитет преку културни, уметнички и образовни институции и здруженија туку и реално да го остварувате. Вие, Бошњаците, сте релевантен субјект во процесот на политичко одлучување и во економскиот развој. Вие, Бошњаците, имате долга, автентична и богата национална приказна, која ја пишуваа вашите претци, денес ја пишувате вие, а ќе ја пишуваат и генерациите по вас. Посакувам младите Бошњаци да растат, да учат, да се образоваат и да се радуваат во мирна, здрава, демократска, солидарна, компетитивна и просперитетна европска држава. Посакувам меѓусебно да се почитуваме и разбираме во градењето заеднички дом на рамноправни и среќни граѓани, во кој различностите ќе се почитуваат, а вредностите и принципите ќе нè обединуваат, без оглед на етничката и верска припадност – истакнува претседателката Сиљановска-Давкова во честитката.