Реклама

Владата ја продолжува до 12 октомври мерката со која ДДВ за дизелот се намалува од 18 на 10 отсто

Регионална конференција за фемицид: секоја година повеќе од 50.000 жени и девојки се свирепо убиени

Македонските институции стануваат сѐ поотворени за граѓаните

Сиљановска-Давкова: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ објавува Журнал.мк

„Политико“: Нови патокази за членство за Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина

Стопанската комора со иницијатива регионот здружено да ги надмине бариерите за бизнис со ЕУ

Делчево го намалува долгот – по 20 години се наѕира деблокада на општинската сметка

Сушата и невремето го намалија родот на тутунот

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Филипче обвинува за пуч, Платформата дека шири хистерија

Туризмот расте – Од година во година се повеќе туристи во Македонија

Македонија

Законодавните и институционалните одговори на фемицидот и парламентарниот надзор во фокусот на регионалната конференција за фемицид во Југоисточна Европа

– Регионална конференција за фемицид во Југоисточна Европа ќе се одржи денеска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Регионална конференција за фемицид во Југоисточна Европа ќе се одржи денеска и утре во Собранието, во организација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

На конференцијата ќе учествуваат претставници на институции, парламенти, правосудството, меѓународни организации и граѓанскиот сектор од земјите од Југоисточна Европа, а во фокусот ќе бидат законодавните и институционалните одговори на фемицидот, парламентарниот надзор, механизмите за следење и собирање податоци, како и стандардите за идентификување и истражување на родово поврзани убиства.

Конференцијата ќе биде отворена со воведни обраќања на потпретседателката на Собранието на Северна Македонија, Весна Бендевска, генералниот секретар на ОБСЕ, Феридун Х. Синирлиоглу, преку видеопорака, шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килијан Вал, и вишата советничка за родови прашања и шефица на програмата за родови прашања во Секретаријатот на ОБСЕ, Лара Скарпита.

Реклама

Првата сесија ќе биде посветена на „Законодавни одговори на фемицидот“, на која ќе учествуваат експерти и претставници од Советот на Европа, ОБСЕ и институциите од Малта, Хрватска, Црна Гора и Албанија.

Попладневната сесија „Од законодавство до имплементација – Парламентарен надзор како платформа за институционален дијалог и одговорност“ ќе ги опфати искуствата од Македонија, Италија и Црна Гора. Меѓу учесниците се пратеничката и претседателка на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, Жаклина Пешевска, пратеничката во италијанскиот парламент и претседателка на анкетната комисија за фемицид и родово базирано насилство, Мартина Семензато, и секретарката на Одборот за родова еднаквост на Собранието на Црна Гора, Ангелина Шарановиќ.

Во рамките на првиот ден ќе се разговара и за механизмите за следење на фемицидите, со учество на поранешната специјална известувачка на ОН за насилство врз жени и девојчиња, Дубравка Шимоновиќ, како и претставници на институции и организации од Босна и Херцеговина, Србија и Македонија.

Вториот ден, 29 септември, ќе почне со преглед на заклучоците од првиот ден и инспиративна сторија од извршната директорка на Хелсиншкиот комитет на Северна Македонија, Уранија Пировска.

Потоа ќе следуваат сесии посветени на оперативните стандарди за идентификување и истражување на родово поврзани убиства, како и на оперативните стандарди за собирање податоци за фемицид. На нив ќе учествуваат експерти и претставници од Шпанија, Босна и Херцеговина, Србија, Албанија и Косово.

Конференцијата ќе заврши со презентација на препораките и следните чекори, а ќе ја затвори заменик-шефицата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Сузан Пенкса.

Целта на регионалниот настан е преку размена на искуства и добри практики да се придонесе кон унапредување на институционалните механизми за превенција, идентификување, истражување и следење на фемицидите и родово поврзаните убиства.