Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Концерт на Наз Ирем Туркмен и Марија Вршкова во Музејот на македонската борба

Виолинистката Наз Ирем Туркмен и пијанистката Марија Вршкова денеска ќе одржат концерт…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Виолинистката Наз Ирем Туркмен и пијанистката Марија Вршкова денеска ќе одржат концерт во Музејот на македонската борба, во рамки на 49. Денови на македонска музика. 

Како што соопштуваат од Сојузот на композитори на Македонија, на програмата се дела од А. А. Сајгун, Сони Петровски, Томислав Зографски, Филип Иванов и Фазил Сај.

Туркмен е родена во Истанбул во 2006 година и студира виолина на Универзитетот „Моцартеум“ во Салцбург, во класата на професорот Хагаи Шахам. Добитничка е на награди на меѓународни натпревари за виолина во Одеса, Белгија и Будимпешта, а како солистка настапувала со повеќе оркестри во Турција.

Реклама

Вршкова дипломирала и магистрирала пијано на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Досега реализирала повеќе од 50 светски премиери на дела од македонски и странски композитори. Во 2023 година ја добила наградата „Георги Божиков“ на СОКОМ. Работи како вонреден професор и продекан за концертна дејност на Факултетот за музичка уметност во Скопје.