Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Сиљановска-Давкова со македонските православни верници од црковната општина „Св. архангел Михаил” во Халејн, Австрија

Во пресрет на 22. Европски самит во Салцбург, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во пресрет на 22. Европски самит во Салцбург, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се сретна со македонските православни верници, кои неодамна формираа нова црковна општина „Св. архангел Михаил” во Халејн, Република Австрија.

Како што соопштија од Кабинетот на претседателката, пред црквата „Св. Антониј“, Сиљановска-Давкова најпрвин ја поздравија најмладите членови на македонската заедница, облечени во македонски носии.

Таа ги информира за Националната стратегија за дијаспора и за Советот за дијаспора, за активностите врзани за Изборниот законик, како и за евроинтеграциите, а тие ја запознаа со работата и животот, изразувајќи задоволство од односот на австриската држава и општество кон нив.

Реклама

Посебна благодарност изразија кон Маркус Данер, раководител на Парохискиот сојуз на Халејн, за можноста да го користат просторот на Католичката црква за вршење на своите верски обреди.

– Сиљановска-Давкова помина незаборавни мигови во друштво на нашинците и на благородниот католички свештеник Маркус посакувајќи да создадеме услови за нивно враќање во татковината – стои во соопштението.

Сиљановска-Давкова од денеска престојува во работна посета на Република Австрија по повод учеството на 22. Европски самит во Салцбург. Предвидено е претседателката да се обрати на сесијата на тема „Дали Европа (сè уште) е глобален играч?“. Предвидено е претседателката да оствари средби со претседателот на Институтот на регионите на Европа, Франц Шаусбергер и со гувернерката на сојузната покраина Салцбург, Каролин Етстадлер, а на агендата е и глобалниот семинар во Салцбург – наведуваат од Кабинетот на Сиљановска-Давкова.