Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче се јави денеска видно вознемирен и во очајна состојба, СДСМ е контра колку да биде поразличен

Контрашот Венко Филипче заедно со талогот од СДСM денеска се јави повторно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Контрашот Венко Филипче заедно со талогот од СДСM денеска се јави повторно и видно вознемирен во очајна состојба почна да плука по се што се прави од инвестиции до продлабочување на веќе постоечки партнерства, како она со САД и членството во НАТО, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Филипче повторно кажа дека е против рудници, против нови индустрии како со дата центрите. Филипче повторно изрази лажна загриженост за земјоделците, за пензионерите, за лицата кои земаат минимална плата.

Филипче повторно кажа дека Македонија е енормно задолжена. За ова ќе му дадеме само некои факти, ако не ги слушнал на почеток на месецов.

Реклама

Еве една споредба на првите осум целосни квартали на владите предводени од ДУИ и СДСМ и сега Владата предводена од ВМРО – ДПМНЕ. Во првите осум целосни квартали по доаѓањето на СДСM и ДУИ на власт, просечниот реален раст на БДП изнесувал околу 2,6 проценти. Во првите осум целосни квартали на актуелната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, просечниот раст изнесува околу 3,55 посто. И последниот официјален податок, дополнително ја потврдува позитивната динамика: во вториот квартал од 2026 година реалниот раст на БДП достигна 4,3 отсто.

Што говорат бројките? Трендот е повисок и постабилен раст, како и континуитет на позитивниот економски тренд. 

Но, сето ова Филипче за да го разбере мора да го процесуира сам. До тогаш, без грижа, се е стабилно и дополнително се оди напред.

И да, сериозна опозиција не може да се биде со ставот – СДСM е контра се колку само да биде поинаков.