Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Во Босилово по 5. пат се одржа „Ајверијада“

Денеска во Босилово по 5. пат се одржа локалната традиционална манифестација „Ајвeријада…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денеска во Босилово по 5. пат се одржа локалната традиционална манифестација „Ајвeријада 2026“, на која на повеќе печки се подготвуваше традиционалниот ајвар.

Според организаторите, манифестацијата има за цел да ги промовира сите специјалитети од црвена пиперка, но и да ја промовира традицијата на поддготвување на ајвар во домашни услови.

-Оваа манифестација  се одржува веќе петта година по ред и постепено станува една традиција со која се гордееме сите во Општина Босилово.Секоја манифестација е важна и убава на свој начин, но една од најтешките манифестации за организација е токму оваа „Ајверијада“, затоа што денеска ќе бидат подготвени околу 400 килограми ајвер и верувајте тоа воопшто не е мала работа и затоа сакам да им се заблагодарам на сите домаќинки кои овие денови се вклучени во реализацијата на оваа манифестација, рече градоначалникот на Босилово, Ристо Манчев.

Реклама

Подготвениот ајвар се дегустираше со домашно сирење на спортското игралиште на училиштето „Гоце Делчев“, а покрај него од штандовите можеше да се вкуси и лутеница, малиџано и други специјалитети подготвени од црвени пиперки, како и домашни чварки, а на штандовите беа изложени и грнчарски производи и природен пчелен мед и пчелни производи.

Во рамките на манифестацијата се одржа богата културно уметничка програма со настап на познати пејачи и културно уметнички друштва.

Манифестацијата се одржа под покровителство на Општина Босилово и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.