Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Во Велес се одржа прв концерт на ВИС „Адет“ насловен „Нишки од мелодија исткаени“

Во рамки на програмата за одбележување на 20 години на Здружението на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамки на програмата за одбележување на 20 години на Здружението на граѓани „Разбој“ во Ликовниот салон во Велес денеска новоформираниот етно состав ВИС „Адет“ денеска одржа прв концерт „Нишки од мелодија исткаени“ со изведба на стари – изворни македонски песни.

Христијан Саздовски млад музичар тамбураш и вокалист од Велес, изјави дека ВИС „Адет“ е состав формиран на почетокот септември на негова и иницијатива на неговите соученици од ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ – Скопје како и од  ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ – Штип. Воедно, нивниот состав има и студент од катедрата за Етнокореологија при УГД – Штип. Тие настапуваат на народните инструменти: гајда, кавал, тамбура, тапан и вокали.

-Нашите планови за во иднина се да го презентираме, зачуваме и афирмираме нашиот традиционален мелос, како и нашата традиционална песна. Целта на составот е традиционалниот мелос и традиционалната песна да допре до публиката.Тоа што го изведувале нашите предци – да го слушнат, сегашните генерации, а и нашите потомци – рече Саздовски.

Реклама

Групата ја сочинуваат Христијан Саздовски – Тамбура и вокал (ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ – Скопје) Калин Ристов – тамбура и вокал (ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ – Скопје)

Лука Кузевски – тапан и вокал (ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ – Скопје) Ангел Димитров -тамбура и вокал (ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ – Штип) Андреј Бошев – тамбура (ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ – Скопје) Бојан Дрндаревски – кавал (ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ – Скопје) Антонијо Тренчовски – кавал (ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ – Штип) Ѓорѓи Бакаров – гајда (Катедра за Етнокореологија УГД – Штип) Калина Антовска – вокал (ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ – Скопје) Тамара Цветковска – вокал (ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ – Скопје).

Тие се надеваат дека ќе бидат повикани на некои од манифестациите во Велес и земјава како и на оние на кои се презентира македонската  музика и песна.