Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Tоп

Филипче обвинува за пуч, Платформата дека шири хистерија

Обвинувања за „пучисти и шемаџии“, па одговор за глумење жртви и екзекутор.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Обвинувања за „пучисти и шемаџии“, па одговор за глумење жртви и екзекутор. Се разгоруваат искрите помеѓу раководството на Социјал-демократите и Платформата 12:05. 

Филипче ги обвинува дека членовите на Платформата му правеле пуч по вмровски шеми со цел ослабнување на СДСМ и дефокусирање на јавноста од вистинските проблеми.

  • „Година дена наназад работат против партијата, роварат, зборуваат со луѓе, шират невистини, клевети, лаги. Се поставува прашањето зошто сега, во овој момент така силно излегоа во јавноста?“, рече Филипче.

Венко Филипче не е претседател на членството туку на фиктивни картички за гласање – одговараат иницијаторите за кадровски промени во СДСМ по обвинувањата од партискиот претседател.

Реклама

Раководството на Бихакќа е главен кочничар на обединувањето на опозицијата чија единствена цел му е да се докопаат до пратенички мандати, стои во реакцијата  од платформата „Разговори за иднината во 12:05“.  Тие му возвраќаат дека масата на која седеле вчера тежела минумум 150 илјади гласови.

  • „Со сите притисоци врз членовите, тој на прес конференцијата собра половина раководство и стотина луѓе во публика. Тоа е помалку од еден процент од гласовите кои наводно ги освои на внатрепартиските избори. Венко Филипче нема образ за обвинувањата кои ги пласира“ велат од Платформа „Разговори за иднината во 12:05“.

Реагираа и од владејачката партија. За циркусот во опозицијата, Филипче вината да не ја бара во ВМРО-ДПМНЕ.

  • „Од една страна Венко Филипче и талогот на СДС, од друга страна поранешни функционери на СДС, но и актуелни се поставуваат контра Филипче . И во сиот овој циркус, Филипче наместо да си ја гледа домашната работа, тој ја обвинува ВМРО-ДПМНЕ. Сè додека за Филипче само другите се виновни, СДС тешко дека може да се извлече од дното “– рече Бране Петрушевски.

Платформата за промени во СДСМ деновиве според најавите лично ќе му ја достави стратегијата на Филипче за консолидација на опозициските редови, а првиот услов за тоа е негова оставка.