Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Петрушевски: Филипче и талогот од СДСM да не бараат виновници за нивниот циркус, ВМРО-ДПМНЕ работи само за добро на граѓаните и државата   

Додека надлежните од власта работат на сите полиња што води кон подобри…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Додека надлежните од власта работат на сите полиња што води кон подобри услови во државата за секој еден граѓанин, во опозицијата се случува хаос.

Деновиве премиерот Христијан Мицкоски со динамична агенда во САД со цел нови инвестиции за Македонија и продлабочување на партнерствата со САД и НАТО, како и изнаоѓање начини за забрзување на процесот за вклучување во ЕУ.

Во меѓувреме, во опозицијата наместо консолидирање и размислување што би им понудиле реално на граѓаните, се случува циркус.

Реклама

Од една страна Венко Филипче и талогот на СДСM, од друга страна поранешни функционери на СДСM, но и актуелни се поставуваат контра Филипче. 

И во сиот овој циркус, Филипче наместо да си ја гледа домашната работа, тој ја обвинува ВМРО-ДПМНЕ.

Се додека за Филипче само другите се виновни, СДСM тешко дека може да се извлече од дното.

На Филипче и талогот од СДСM повторно ќе им порачаме, прво, на ВМРО-ДПМНЕ му одговара ваков СДСM, а ВМРО-ДПМНЕ ниту сака, ниту има намера да се меша во нивната внатрешна работа. Единствено нешто што прави ВМРО-ДПМНЕ е спроведување проекти во интерес на граѓаните и државата.