Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска престојува во работна посета на Република Австрија,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска престојува во работна посета на Република Австрија, по повод учеството на 22. Европски самит во Салцбург. Предвидено е претседателката да се обрати на сесијата на тема „Дали Европа (сè уште) е глобален играч?“, соопштија денеска од нејзиниот кабинет.

Предвидено е претседателката да оствари средби со претседателот на Институтот на регионите на Европа, Франц Шаусбергер и со гувернерот на сојузната покраина Салцбург, Каролин Етстадлер, а на агендата е и Глобалниот семинар во Салцбург.

Како што соопштија од нејзиниот кабинет, за време на престојот, претседателката ќе ја посети македонската православна црковна општина „Свети Архангел Михаил“ во Халејн.

Реклама

Оттаму потсетија дека Европскиот самит во Салцбург е годишен собир во организација на Институтот на регионите на Европа. Настанот обединува водечки политичари, дипломати, експерти и бизнис лидери. Главна тема на самитот годинава е „Европа – суверен глобален играч?“, со фокус на безбедноста на континентот, економската конкурентност, демографските промени и проширувањето на ЕУ.