Реклама

Мицкоски: Со Бугарија имаме билатерален спор, потребна е вклученост на ЕУ за да ги слушне аргументите на двете страни

Мицкоски: Потребни се брзи испораки од ЕУ со цел да се намалат фрустрациите на граѓаните од Западен Балкан

Сиљановска Давкова ја одликуваш научничката Светлана Мојсов со орден „8 септември“ за заслуги во биохемијата

Кочани доби центар за услуги – документи без шетање по институции

Николоски: ќе се гради експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија

Цврсто во НАТО, стратешки со САД и со јасни правила за членство во Европската Унија – силни и јасни пораки на премиерот Мицкоски од Њујорк

Мицкоски се сретна со Гутереш: Потврдена одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Македонија

ВРЕДИ: Пет прашања на кои Али Ахмти и ДУИ треба да одговорат

Разочарувањето поради пресудата против Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Разочарувањето поради пресудата против Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими го споделуваме и го чувствуваме. Без оглед на пресудата, едно нешто не се менува. Војната на Ослободителната војска на Косово беше праведна и ослободителна војна против режимот кој го убиваше, протеруваше и прогонуваше народот на Косово. Оваа вистина ја знае Косово, ја знаат Албанците, а ја знае и меѓународната заедница која интервенираше за да го запре режимот на Милошевиќ – стои во соопштението на ВРЕДИ.

Но, и од една толку чувствителна тема ДУИ се обидува да извлече евтини политички поени. Албанците добро ги знаат и знаат дека ништо не оставиле без да го злоупотребат. И таканаречениот марш, по рецепт на ДУИ, се обидуваат да го спакуваат и да го продадат како „натпартиски“.

Ако навистина сакаат да протестираат за поранешните лидери на ОВК, тогаш протестот би требало да биде токму против ДУИ и улогата на нејзиниот претседател, Али Ахмети.

Реклама

ОВК не е сопственост на ДУИ и не може да се користи како алиби за да му се измијат гревовите.

Затоа, наместо повик за протест, од лобистите за основање на Специјалниот суд денес се бараат јавни одговори.

1. Каков договор бил понуден за возврат на поддршката за основањето на Специјалниот суд?

2. Што содржи досието на Специјализираните совети во Хаг што се однесува на сведочењето на Али Ахмети?

3. Дали Специјализираните совети и „Отворен Балкан“ имаат заеднички именител?

4. Зошто Али Ахмети ја менуваше квалификацијата на својата улога во постапката пред Специјалниот суд, еднаш велејќи дека бил сведок, а другпат дека не бил сведок во постапката?

5. Дали сведочењето на Али Ахмети послужило како основа за подигнување на обвинението против раководството на ОВК од страна на Специјалниот суд во Хаг?

Овие и многу други прашања продолжуваат да тежат врз оние кои не оставиле ништо што не го злоупотребиле.