Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Мицкоски: Со Бугарија имаме билатерален спор, потребна е вклученост на ЕУ за да ги слушне аргументите на двете страни

Досегашните средби на билатерално ниво меѓу Македонија и Бугарија се средби „колку…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Досегашните средби на билатерално ниво меѓу Македонија и Бугарија се средби „колку да се случат“, а Европската Унија треба да се вклучи во процесот за да ги слушне аргументите на двете страни – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на прашањето како го толкува ставот на официјална Софија дека е подготвена за дијалог, но и натаму сака разговорите да се одвиваат билатерално, а не со посредство на ЕУ.

Премиерот нагласи дека досегашните средби не донеле суштински резултат.

– Видете, досегашните средби на билатерално ниво коишто ги имаше и претседателката, но и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, се средби коишто јас ги викам средби колку да се случат средби. И тука имате вие брифирање после тоа кога ќе завршат тие средби брифирање од состаноците, секогаш со сосема различна вистина од тоа којашто е разговарано на на состанокот. Нашата идеја кога велиме да се вклучи и Европската Унија е со цел да ги слушнат и нашите аргументи и аргументите на на другата страна. Јас знам која е загриженоста од страна на официјална Софија. Тие велат: „ако ние седнеме во присуство на трет партнер, тоа значи дека навистина имаме билатерален спор“. И навистина ние имаме билатерален спор. Ние можеме да измислуваме, да се правиме дека немаме, ние во суштина навистина имаме билатерален спор којшто е сега на својот почеток. И додека е на почеток, јас тоа го кажав и во мојот говор вчера, ние треба да водиме дијалог и токму поради тоа ни се потребни претставници на мултилатерални организации, во случајов Европската Унија, за да ги слушнат аргументите – нагласи Мицкоски. 

Реклама

Тој истакна дека позицијата на Владата е дека не може да влезе во авантура без да го знае крајот на евроинтегративниот пат. 

– Нашата позиција е ние не можеме да влеземе во каква било авантура без да знаеме дека крајот е на дофат и дека јасно го гледаме крајот. Не би сакале да влеземе во процес којшто континуирано потоа ќе ни се поместува. Зошто? Затоа што, еве ќе бидам најотворен и најдиректен, утре да ги отвориме преговорите, секое поглавје, секој кластер ќе треба потоа да се гласа во националните парламенти кога се затвора на земјите членки на Европската Унија. Тоа е најмалку 80 пати можност ние повторно да добиеме нови барања. Како тоа ќе изгледа? Ќе излезе некоја порадикална структура во Парламентот на нашиот источен сосед и потоа овие помeјнстрим политичарите ќе речат: „знаете, мораме сега поради домашни проблеми повторно да ги блокираме, знаете руско влијание, вакво влијание, ние се бориме против тоа руско влијание, знаете вие сте лошите Русјаци, ние сме добрите Бриселци“ и отприлика така сето тоа ќе изгледа. Јас во тој процес нема да влезам – рече Мицкоски.

Премиерот додаде дека Владата има предлози како да се надмине овој процес и како тоа да се постигне заеднички со Бугарија, со која, како што рече, сме партнери во НАТО.

– Ако таму сме партнери во тоа семејство, логиката вели дека и тука треба да сме партнери. И на крајот од денот, во интерес и на официјална Софија е ние да бидеме дел од Европската Унија, мислам тоа се тие добрососедски односи – рече Мицкоски.

Тој истакна дека Владата ја користи секоја можност пред стратешките партнери, меѓу кои и САД, да ги презентира аргументите и позициите на Македонија во однос на интеграцијата во Европската Унија.

– Јас само можам да кажам дека ние ја користиме секоја прилика, секоја можност да ги презентираме нашите аргументи. Тоа е тоа кое што мене ми е важно и тоа е тоа кое што е важно на луѓето од Владата, рече Мицкоски и додаде дека нивната цел е да се обидат практично да ги пренесат „нашите позиции, нашите аргументи, а потоа нашите соговорници нека ценат и нека судат дали сме во право или не сме во право“.