Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Делегација од Општина Берово и ТППЕ Берово во официјална посета на Кумровец

Делегација од Општина Берово, заедно со претставници на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ)…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Делегација од Општина Берово, заедно со претставници на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Берово, денеска престојува во официјална посета на Општина Кумровец, Република Хрватска, каде присуствува на свеченото одбележување на 75-годишнината од основањето на Доброволното противпожарно друштво (ДВД) Кумровец.

Посетата претставува можност за размена на искуства и знаења во областа на противпожарната заштита, како и за унапредување на соработката меѓу двете општини и нивните противпожарни служби.

Во рамки на посетата, особено внимание се посветува на соработката меѓу пожарникарските служби, преку размена на практични искуства, знаења и добри практики во справувањето со пожари и други видови интервенции.

Реклама

Од Општина Берово посочуваат дека ваквите средби се значајни за воспоставување и продлабочување на партнерските односи, но и за создавање можности за идни активности и заеднички иницијативи во областа на противпожарната заштита.

Учеството на делегацијата од Берово на одбележувањето на значајниот јубилеј на ДВД Кумровец воедно претставува можност за продолжување на пријателските и партнерските односи со Општина Кумровец, со акцент на соработката од непосреден интерес за безбедноста на граѓаните.

Општина Берово и ТППЕ Берово преку ваквите активности ја потврдуваат заложбата за размена на искуства и унапредување на капацитетите во насока на создавање побезбедни и посигурни локални заедници.