Венко Филипче и кликата околу него, која што е политичко бизнис профитерска се фракцијата во СДСМ. Членството во огромно мнозинство, е на наша страна –тврдат иницијаторите за промени во опозициската партија. Велат дека на актуелниот партиски лидер ќе му биде уште потешко и не смеел да дозволи партијата да дојде до оваа ситуација.
Во повќе наврати се обидувале да му укажат на филипче за погрешните политики, но биле игнорирани. Условот за да седнат на иста маса е прво тој да прифати дека ќе си оди од лидерската позиција, па потоа да се разговара за консолидирање на партијата.
- „Нашиот план за отворање консолидација, стабилизација и структурни промени во СДСМ ќе му го доставиме. Од него зависи колку побрзо ќе се започне овој процес на вистински промени во СДСМ за следните избори со опозицискиот фронт да биде во кондиција да ја порази оваа власт. Ако остане како што е сега тоа никогаш нема да се случи“ вели Игор Ивановски – поранешен член на СДСМ.
Филипче мора да ја ослободи заробената партија, вели некогашниот истакнат социјалдемократи Игор Ивановски. Во спротивно ќе му следува уште поголем изборен пораз.
- „Од самиот почеток они имаат еден примитивен речник што јас нема да го користам. Јас и моите колеги пред два дена имавме брифинг со вас на кој ги соопштивме нашите пораки заради јавноста. Најмногу заради интересот на членството на СДСМ. Јас знам дека на Венко Филипче му е тешко. И ќе му биде уште потешко. Но не смее да и биде потешко на СДСМ. Тој има шанса, барем на крајот со своите постапки да помогне оваа, во моментов, заробена партија, се отвори и се врати на членството. Низ една нормална демократска постпка, процедури и членството на крај ќе одлучува. Но едно е јасно, во ваква состојба каква што е сега, во овие изминати 2,5 години, како резултат на активноста токму на претседателот Филипче и на таа една клика која што во основа е политичко бизнис профитерска, партијата не може да победи на избори. Тоа на сите им е јасно“ рече Ивановски.
Во разговорите за иднината, како што насловена дебата на опозиционерите, се приклучија Српската партија во Македонија и Левица, како и некои граѓански организации. Ивановски рече дека има разлики помеѓу гледиштата на учениците во дебатата, но сепак ќе се обединат околу опозицискиот фронт, кој во иднина ќе се зголемувал, за да ја порази актуелната власт.

