Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Во Прилеп пред бизнис секторот се претставени 20 иновации на млади

Околу 40 млади од средните стручни училишта во Прилеп пред бизнис заедницата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Околу 40 млади од средните стручни училишта во Прилеп пред бизнис заедницата и пред претставниците од Регионалната и на Стопанската комора на Македонија, денеска во големата сала од општинската зграда претставија 20 бизнис идеи за иновации кои наоѓаат примена во стопанството и секојдневниот живот. Настанот „Пич сцена Прилеп“ го организираа невладината „Генвајб“ од Прилеп и прилепската регионална стопанска комора. 

-„Пич сцена Прилеп“  е катализатор за младинското претприемништво во Прилеп. Исклучително сме задоволни. Пријавени се 20 тима од средните стручни училишта во Прилеп. Тоа се околу 40 млади иноватори кои сакаат да ја презентираат нивната бизнис идеја. Стручно жири од прилепските компании ги проследува бизнис-идеите на иноваторите. Имаме одлична соработка со Регионалната  и со Стопанската комора на Македонија. Целта е бизнис-идеите да се слушнат и успешните да се применат во стопанството. Има одлични идеи. Всушност и најуспешните компании почнале од една петминутна презентација, рече претседателката на НВО „Генвајб“, Јасмина Гулевска. 

Претседателот на прилепската регионална стопанска комора Никола Мариноски нагласи дека ова е мотивација  младите да размислуваат претприемнички. 

Реклама

-Ги мотивираме младите да размисуваат на претприемништво. Сметаме дека во овој свет на индивидуализам, младите ќе може да бидат слушнати, да се докажат пред јавноста и нивните идеи да бидат прифатени. 

Марија Матеска од прилепската гимназија „Мирче Ацев“ има своја иновација за дигитален градски часовник.

-Дигиталниот градски часовник е спој на современата технологија и заживување на традицијата со различни прикази и кратки исечоци од нашиот град. Би служел и за развојот на туризмот зашто преку кодови туристите ќе имаат можност да стигнат до различни локации и информации за прилеп. Би бил поставен пред општинската зграда. 

Стефан Мојсоски е од прилепското средно стручно училиште „Орде Чопела“.  Има иновација на каталиџатор кој се  мести на оцаци од куќи, училишта, институции.

-Со катализаторите сакаме да го исчистиме чадот од оџаците, да ја зачуваме здрава средината, а и здравјето на луѓето., вели младиот иноватор Мојсоски.

Даниела Михајлоска Василевска од Стопанската комора на Македонија нагласува дека Комората дава и охрабрува вакви проекти, а стопанствениците се заинтересирани да ги прифатат.

-Развојот на образованието е еден од трите клучни приоритети што Стопанската комора неколку години го поттикнува како значајна нитка во целиот развоен процес на македонската економија. Зашто, без образование и без соодветен кадар ние не може да размислуваме за развој на економијата. Импозантно е што младите се од средните стручни училишта, а ние, како Комора, повеќе од деценија и половина работиме на поттикнување на дуалното образование. Постои голем интерес кај бизнис секторот за поддршка на иновативните идеи и проекти кои ќе најдат примена во стопанството.

Прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски им порача на младите да веруваат во своите идеи кои наидуваат на поддршка и од локалната самоуправа. 

-Како Општина Прилеп, сакаме да градиме средина во која младите нема воопшто да размислуваат како да заминат, туку ќе имаат причина да останат, да создаваат и да успеат тука. Прилеп е град со силен стопански и претприемачки дух. Тоа е град во кој со децении се создава, се произведува, се инвестира и се работи. Затоа сметам дека е сосема природно токму овде да отвораме простор за новата генерација претприемачи, рече Проданоски.

На настанот присуствуваше и претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески,а за најдобрите се предвидени награди и сертификати.