Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Хоџа: Новиот систем за рано откривање на пожари на депониите ќе го спречи нивното проширување  

Министерoт за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, директорот на Центарот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерoт за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али и Владимир Буревски во име на компанијата „Moдирум платформс“ од Скопје, потпишаа меморандум за соработка за унапредување на раното откривање пожари и заштитата на животната средина, соопштија денеска од Министерството за животна средина и просторно планирање.

– Со потпишаниот меморандум се воспоставува рамка за реализација на пилот-систем за видео-мониторинг на депонии преку современи камери, интелигентна видеоаналитика и вештачка интелигенција ќе овозможи навремено откривање на чад, пожар и други ризици. Центарот за управување со кризи ќе обезбедува 24-часовен мониторинг и ќе ги известува надлежните институции при идентификување на ризик, со што се овозможува побрзо реагирање и подобра координација – се додава во соопштението.

Од Министерството појаснуваат дека „Moдирум платформс“ која со својата технологија и експертиза придонесува кон иницијативи за заштита на животната средина, превенција на ризици и унапредување на јавната безбедност, ќе обезбедела опрема за системот на привремено користење во период од една година, како дел од својата поддршка за иницијативи од јавен интерес.

Реклама

– Со овој пилот-проект, МЖСПП ја унапредува примената на современи дигитални технологии во заштитата на животната средина, со фокус на превенција, рано предупредување и поефикасно реагирање. Резултатите од пилот-фазата ќе бидат основа за разгледување на можностите за проширување на системот на национално ниво – додаваат оттаму.