Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Николоски: Во тек е постапката за избор на консултантска куќа за изработка на документацијата за изградба на експресен автопат од Радовиш-Струмица-Ново Село –граничен премин со Бугарија

Почната е постапката за избор на консултантска куќа која што ќе ја…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почната е постапката за избор на консултантска куќа која што ќе ја изработи целокупната документација за изградба на експресен пат од Радовиш преку Струмица, Ново Село до границата со Република Бугарија, најави денеска при посетата на општина Радовиш, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт и врски Александар Николоски. 

-Да, нашата идеја е да се изгради експресен пат којшто ќе оди од Радовиш преку Струмица, Ново Село, до граница со Бугарија и на тој начин да имаме уште едно поврзување кое што е автопатско или со експресен пат со Република Бугарија, што ќе даде и голема значење на овој пат.​Во овој момент почната е постапката за избор на куќа која што ќе ја работи целокупната документација – од предпроектна документација, преку еколошки студии, социјални студии и физибилти студија. Рокот за поднесување на понуди е до 8 октомври, што значи завршува за некаде десетина дена. После тоа очекувам да биде избран изведувачот – подвлече Николски. 

Вицепремиерот Николоски истакна дека ​во рок од шест до девет месеци треба да се завршат студиите и потоа ќе следи постапката на тендерирање. 

Реклама

-Она што сакам да кажам е дека ќе одиме со сопствени средства од Јавното претпријатие за државни патишта. ЈПДП е во добра кондиција, има добри приливи на средства и ќе можеме да го градиме овој проект, така што еве нека не е ветено, но ако сѐ оди добро и имаме добра постапка за избор сега прво на консултантска куќа, а после тоа на изведувач, очекувам до есента веќе да почнат градежни активности на терен, што како што кажав ќе значи многу и да напоменам уште еднаш нема да одиме само до Струмица, туку ќе одиме до граница со Бугарија- истакна вицепремиерот Николоски при посетата на Радовиш.