Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Санкциониран правен субјект, одговорно лице и возач на комби со кое се врши јавен превоз на ученици

Полициски службеници од мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Полициски службеници од мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при сектор за сообраќајни работи изврши контрола врз комби во село Табановце и утврди дека се превезуваат 18 деца, десет патника повеќе од дозволеното, соопшти денеска МВР.

– На 25-ти септември во 07:20 часот на локалниот пат Куманово-Табановце поточно во село Табановце од страна на полициски службеници од мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи извршена е контрола на патничко моторно возило (комби) со кумановски регистарски ознаки, сопственост на правен субјект од Куманово, со кој се врши јавен превоз на патници (организиран превоз на ученици), при што е констатирано дека во истиот се превезуваат 18 патници (деца), додека според сообраќајна дозвола во возилото дозволено е максимум да се превезуваат 9 лица, односно возачот С.П.(49) од Куманово, превезувал со патничкото моторно возило 10 патника (деца) повеќе од дозволеното-информираа од МВР.

Над возилото извршен е и вонреден технички преглед во станица за технички преглед од страна на стручни лица, при што е утврдена техничка неисправност на возилото, односно неисправност на уредите за сопирање (сила на кочење на работна кочница и помошна кочница). Против правниот субјект, одговорно лице во правното лице и возачот С.П.(49) од Куманово се преземени соодветни мерки и ќе се соочат со законски предвидените санкции, додека возилото е исклучено од сообраќај се до отстранување на недостатоците.

Реклама

Од МВР апелираат до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со што заеднички ќе придонесеме за побезбедни патишта.