Реклама

Николоски: ќе се гради експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија

Цврсто во НАТО, стратешки со САД и со јасни правила за членство во Европската Унија – силни и јасни пораки на премиерот Мицкоски од Њујорк

Мицкоски се сретна со Гутереш: Потврдена одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Мицкоски: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет

Мицкоски од ОН: Евро-интеграцијата трае надвор од секој разумен рок, ЕУ мора да обезбеди предвидливост

Премиерот Мицкоски од говорницата на ОН ја повика Европската Унија да покаже предвидливост во проширувањето

Мицкоски во ОН: Нашите стратешки определби се НАТО, стратешко партнерство со САД и полноправно членство во ЕУ

Македонија

Во Њујорк одбележана 35-годишнината од независноста

Во Њујорк вчера се одржа прием во чест на 35 годишнината од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Њујорк вчера се одржа прием во чест на 35 годишнината од независноста на Македонија. На настанот присуствуваше и високата владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски, која учествува на Генералното Собрание на Обединетите Нации, дипломатски претставници, видни Македонци и претставници на други етнички заедници од дијаспората.

-Би сакал да се заблагодарам на сите што се оваа вечер овде со нас. Ви благодарам за се што правите за Македонија. Минатото никогаш не треба да го заборавиме, секогаш треба да си спомнеме за него, да учиме поуки и да не ги повторуваме грешките од минатото. Македонија е вашата татковина. Вратата дома секогаш ви е отворена. Целта на оваа македонска Влада е што повеќе македонски граѓани да се вратат во својата татковина, таму да инвестираат, таму да ја градат иднината на своите семејства, и таму да се грижат, заедно со Македонците и со останатите наши сограѓани за иднината на Македониј. дојдете, инвестирајте, создавајте во вашата татковина – изјави премиерот Мицкоски.

Пред собраните видни Македонци од дијаспората, и странски гости, премиерот Мицкоски ја претстави економската состојба во Македонија, пред се со фокус на високата стапка на раст на економијата.

Реклама

-Во моментот можеби имаме најстабилна Влада во Европа, со отприлика двотретинско мнозинство во Парламентот. Таа стабилност гарантира реформи и испорака на економски резултати – изјави премиерот Мицкоски, посочувајќи го растот на бруто домашниот производ од 4.3 проценти. 

Од друга страна, во услови кога на границите на Европа се водат жестоки војни, војната во Украина, кризата во арапскиот залив, енергетска криза каква што човештвото не памети. Сепак состојбата кај нас е прилично стабилна. Македонија е се што имаме и затоа вреди да се бориме за нејзино подобро утре. Ја очекувам вашата поддршка заеднички да ја исцртаме иднината за нашата татковина и на граѓаните кои што живеат таму – изјави Мицкоски.