Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Асфалтирани пристапните патишта до гробиштата во Мралино и Кадино

Градежната офанзива во општина Илинден продолжува со реализација на проектите за подобрување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градежната офанзива во општина Илинден продолжува со реализација на проектите за подобрување на локалната патна инфраструктура, при што целосно се реконструирани и асфалтирани пристапните патишта до гробиштата во населените места Мралино и Кадино, соопштија денеска од локалната самоуправа.

– Во Мралино е извршена санација и асфалтирање на пристапниот пат до локалните гробишта во должина од околу 500 метри. Додека во Кадино е реконструиран и асфалтиран дел од пристапниот пат со должина од околу 100 метри. Со реализацијата на овие активности, жителите добиваат полесен, побезбеден и поквалитетен пристап до гробиштата, но и до околните објекти, имоти и земјоделски парцели – се додава во соопштението.

Увид во асфалтирањето извршил градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, кој посочил дека проектите се финансирани во целост од општинскиот буџет и се реализираат согласно барањата и потребите на жителите од овие населени места.

Реклама

– Општина Илинден во изминатиот период реализираше повеќе проекти за реконструкција, санација и унапредување на локалните улици и патишта во сите населени места, а активностите ќе продолжат и во наредниот период, со цел подобрување на условите за одвивање на сообраќајот и унапредување на локалната патна инфраструктура – се истакнува во соопштението.